Во гостувањето на Телма телевизија, министерот Дамјан Манчевски се осврна и на новитетот кој од 1 мај е воведен во здравствениот систем и се однесува на хронично болните кои ќе можат телефонски да обезбедат рецепт од матичен лекар, кој рецепт ќе биде електронски испратен до аптека.
Еве од Министерството за здравство, од први овој месец имаме функционален електронски рецепт за сите хронични болни во државата, сите, ова веќе функционира, не е „ќе“, ова функционира.
Немаат потреба ни самите хронични болни да одат во аптека, туку имаме изграден систем на меѓусебна електронска комуникација во која што може и друго лице да оди и да го подигне лекот, рече министерот Манчевски во емисијата Евро Фокус со Тања Васиќ.
А. Н. С.