Тетово со околината станува ново жариште на корона вирусот. Во овој град и руралните општини секој ден расте бројот на новозаразени, а многу мал е бројот на излечени, но исто така уште има потенцијални пациенти кои чекаат резултати или се во самоизолација заради контакти со веќе дијагностицираните.
За само 8 дена во градот Тетово и околните села има 42 нови случаи, а истиот период имал само 8 излечени од КОВИД-19.
Најголемиот број се регистрирани минатата недела со 12 новозаразени, а истиот ден имал само еден излечен пациент, а во овој период од 8 дена најмногу лечени имало во понеделник и среда по тројца лечени пациенти.
Од среда до петок секој ден има по еден новозаразен повеќе од предходниот ден, односно, 4, 5, 6 нови случаи, а денеска од вкупно 22 нови случаи во целава земја, 6 биле регистрирани само во Тетово. Како централната така и локалната власт во континуитет апелираат до граѓаните да се почитуваат мерките за заштита, да се носат маски и да се запази дистанцата од 2 метра, како и да се избегнуват групи на повеќе луѓе.
Тетово Заразени Излечени
09.05 12 1
10.05 2 1
11.05 7 3
12.05 0 0
13.05 4 3
14.05 5 0
15.05 6 0
16.05. 6 0
Денеска нема детални информации за бројот на заразени по руралните и градската општина, но во среда локалниот штаб во Тетово објави дека до тој ден распределбата на вкупниот број заразени е: општина Тетово – 52, општина Боговиње – 41, општина Теарце – 7, оптшина Брвеница – 10, општина Јегуновце – 4 и во општина Желино – 6.
А. Зеќири