ЗОРАН ЗАЕВ во интервју за ТВ Сител:
– Третиот пакет мерки носат брз рестарт на македонската економија
– Неопходни се избори во првиот можен момент, како што препорачуават здравствените власти излегуваме од здравствената криза, рече претседателот на СДСМ.
– Треба да знаат стопанството, фирмите, сите, цела економија дека Владата чува резервни капацитети и за крајот на летото, или почетокот на есента, ако има евентуален втор бран на здравствената криза.
– Ризикот од зараза е уште поголем од есен, кога ќе се отворат училиштата. Се надевам дека ќе постигнеме консензус за датум за избори со опозицијата на лидерската средба. Ако тие имаат аргументи нека ги извадат на маса и тогаш ќе зборуваме.
ВЛАДАТА ја овласти вицепремиерката Мила Царовска, како назначен претставник за комуникација со Зелениот климатски фонд – Focal Point, да го потпише писмото без приговор за Проект за енергетска ефикасност во јавниот сектор во земјава
ЗА НАС прашањето за македонскиот јазик е затворено и кај нас и во светот, вели министерот за надворешни работи Никола Димитров во интервју за емисијата Трилинг на ТВ 24 вести.
КОМПАНИЈАТА Тесла се подготвува да ги намали цените на своите автомобили до ниво на цените на автомобилите со мотори со внатрешно согорување со воведување многу поефтин батерии со подолг рок на траење.
ВАУЧЕРИ од 6.000 денари се наменети за студенти кои потекнуваат од семејства со ниски приходи за покривање на партиципацијата за студирање, сместување во домови, приватно сместување итн.
ПРОДОЛЖЕНИ сертификатите на возачите во меѓународниот патен сообраќај и за превоз на опасни материи.
ВИЦЕПРЕМИЕРОТ Бујар Османи денеска изјави дека неговата партија е за одржување избори што побрзо доколку со нив не се загрози здравјето на граѓаните.
ПРЕСМЕТКАТА и наплатата на воведената со првиот економски пакет мерки помала законски затезна камата за 50 проценти, како и казнената камата во висина од 0,015 проценти за секој ден задоцнување, ќе се применува и 60 дена по престанување на траењето на вонредната состојба во државава.
Ј. Ѓорѓиоски