ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димитров: За нас прашањето за македонскиот јазик е затворено и кај нас и во светот

May 17, 2020 19:56
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

За нас прашањето за македонскиот јазик е затворено и кај нас и во светот,  вели  министерот за надворешни работи Никола Димитров во интервју за емисијата Трилинг на ТВ 24 вести.

Тој истакна дека повеќето од прашањата што ја рефлектираат позицијата што соседна Бугарија ја усвои во нивниот Парламент тогаш кога имаа локални избори минатата есен, според нас, излегуваат вон, а често се и спротивни на одредбите на Договорт за добросеседство.

Неодамна имал телефонски разговор со неговата бугарска колешка Екатерина Захариева, при што тој ги презентирал нашите позиции, а таа нивните.

Меѓу соседите, потенцира, мора да се разговара. За решавањето на пробемите секогаш на некој начин предуслов е дијалогот. Наша задача како министри за надворешни работи е да работиме така за да ги вратиме на позитивен колосек билатералните односи.

-За нас прашањето на македонскиот јазик е затворено и кај нас и во светот и многу тешко ќе биде да се гради блискост и пријателство ако на таков тип на прашања имаме предизвик од соседот. Мислам дека тоа оди во друга различна насока. Во самиот Договор за  пријателство, соработка и добросоедство во преамбулата зборува за меѓусебна почит. Македонскиот јазик во тој билатерален  договор има апсолутна иста позиција и статус со бугарскиот јазик. И клаузулата за јзиците вели- овој договор е напишан на  македонски јазик согласно Уставот на тогаш Република Македонија  и на бугарски јазик согласно Уставот  на Република Бугарија. Таа формулација важи само за билатералните односи, наведе Димитров.

Големата разлика, дополни, на големата планина што ја имавме со Грција беше што таа планина имаше правна основа врз Резолуција на Советот за безбедност од 1993 година. Нашата лична карта во ООН во  Преспанскиот договор е затворено прашање и во меѓународното право државите признаваат или не признаваат јазици. Тоа е прашање на нашето самоизјаснување и самоопределување. Мислам дека ако успееме да се вратиме на позитивниот колосек ова прашање мора да се надмине. Тоа е крајно непродуктивно прашање. За нас апсолутно навредливо и мислам дека тој обид да се отвори прашање  што е затворено не може да успее во 2020 во Европа.,Истовремено не е ниту на линија на европските вредности, рече Димитров.

Тој порача и дека ниту една држава нема правен основ нам да ни кажува сега нешто во однос на нашето име и македонскиот јазик.

Говорејќи за потребата од одржување на парламентарни избори шефот на дипломатијата повтори дека ни треба Влада со полн политички мадат, како и Собрание.

-Важно е оваа ситуација да се расчисти и во смисла на суштинската агенда на државата сакаме втората поливина оваа  година да почнеме пристапни преговори со ЕУ, Комисијата најавува дека ќе излезе со  преговарачка рамка, нам ни треба Влада со полн политичлки мандат, да решава проблеми, да креира политики, ни треба да имаме Собрание. Мојот ресор поради девет одложувања на Комисјата  за надворешна политика не испративме девет амбасадори кои  ги завршија подготовките и со тоа се праќаат погрешни сигнали кон земјата каде  тие луѓе треба да ја претставуваат татковината, укажа Димитров.

Нашето демократско досие во Брисел, потенцираше, е далеку над тоа дали сме способони да имаме демократски избори и не смееме да си дозволиме создавање такви сомнежи во ваква ситуација.

Next Post

Заев: Треба да знаат сите - Владата чува резервни капацитети и за почетокот на есентa, при евентуален втор бран

Shortcut

Најново

Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

Тутунари, не дозволувајте грешките при пакувањето и чувањето да ви го намалат откупот

November 19, 2026
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова (извор: Wikipedia)

Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

November 19, 2026

Емил Цветанов: ВФМ мора да биде симбол на фер-плеј, чесност и еднаков третман

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk