Министерот Филипче се заблагодари на сите здравствени работници во борбата со епидемијата од Ковид-19 и најави дека секој од нив ќе добие дополнителни 20% од основната плата.
Благодарност за најизложените здравствени работници во борбата против Ковид-19!
Владата предвидува награда од 20% од основната плата за 2 месеци за секој од нив.
Тука се вклучени докторите и медицинскиот персонал на Клиниката за инфективни болести, инфективните одделенија, Инситутот за јавно здравје и Центрите за јавно здравје, како сите членови на тимовите од итна медицинска помош, напиша министерот Филипче во пост на Фејсбук.
A. H. C.