ВАРХЕЈИ: Во јуни ќе се објават преговарачките рамки за Македонија и Албанија.
АНГЕЛОВСКА: Со домашната платежна картичка од третиот сет мерки ќе се купуваат исклучително македонски производи и услуги.
ПРЕМИЕРОТ на Ирска Варадкар упати честитки до премиерот Спасовскиза работата на Владата во услови на пандемијата со КОВИД-19, како и за членството во НАТО и позитивната одлука на ЕУ за почеток на преговорите.
ШЕКЕРИНСКА НА ТВ 24
- Ако на Мицкоски му беше важно здравјето на граѓаните, како што тврди, тогаш зошто не дојде со здравствен експерт на средбата, туку дојде со Гордана Силјановска? Дали таа е експертот за здравје во ВМРО ДПМНЕ?- праша Шекеринска.
- Ако некој физички ве следи пријавете кај Чулев. Четворица од луѓето кои биле на оваа прослава на Чулев се заразени со Ковид-19. Како тоа сега ВМРО ДПМНЕ вели не можеме избори, не можеме собири, а Чулев организира полициски прослоави со заразени околу него.
- Опозицијата вели злоупотребуваме пари, а сака да останеме на власт. Мицкоски вели економијата е на колена, па како да ја исправиме кога не потпишувате? Или сакате Светска Банка да ги уплати парите на ВМРО ДПМНЕ, па вие да ги распределите?
- Мицкоски имаше три барања за избори и трите му се исполнети, ама пак не сака избори
- Тоа што го правевме низ целата криза тоа го правиме и сега, се консултираме со лекарите. ВМРО ДПМНЕ сака да почне кампањата на први август, на втори август. Ништо не знаеме што следува на есен. ВМРО ДПМНЕ бара гаранции, затоа сакам со име и презиме да се каже кој е тој експерт што ќе каже дека во август нема да имаме вирус
СПОРЕД најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразиле 4.943.001 лица. Од нив починале 321.998, а оздравеле 1.936.611 луѓе.
ПОЧНУВАЈЌИ од петок, 22 мај, за влез во Република Србија нема да има потреба од негативен тест или посебна дозвола како за домашните, така и за странските државјани.
МЗ: Се демонтира мобилната болница, останува монтажната болница како тријажен центар.
АКО СДСМ одлучи да оди на избори во јуни, нека и е со среќа, рече попладнево лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски без да прецизира дали во таков случај неговата партија ќе учествува на изборите.
ЗАДОВОЛНИ сме од динамиката со која се одвива скринингот во градинките, но и од резултатите. Во изминатите 24 часа се направени 533 тестирања за Ковид-19 од кои 203 во рамките на скринингот во градинките во Скопје и во Велес.
НА Скопскиот аеродром денеска пристигна донација од Катар за справување на земјава со Ковид-19.
Ј. Ѓорѓиоски