ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Филипче: Задоволни сме од динамиката и од резултатите од скринингот

May 19, 2020 18:14
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Задоволни сме од динамиката со која се одвива скринингот во градинките, но и од резултатите. Во изминатите 24 часа се направени 533 тестирања за Ковид-19 од кои 203 во рамките на скринингот во градинките во Скопје и во Велес. Денешните тестови од скринингот се негативни. Од 14 мај, досега, се направени 908 тестирања на вработени во градинките во Битола, Скопје и Велес и сите освен еден резултат се негативни. Во Битола е завршен скринингот и тестирани се 322 вработени меѓу кои е и едниот позитивен случај.

Ова на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека продолжуваат со скринингот во другите ризик групи, вработените во домовите за стари лица, здравствени работнции, хроничните болни пред интервенција и пациентите кои треба да почнат да примаат биолошка терапија, како и други групи граѓани кои сметаме дека спаѓаат во ризични категории врз основа на бројот на контакти кои го имаат во текот на денот.

Филипче се осврна и на податоците за состојбата со Ковид-19 во државава, при што истакна дека Институтот за јавно здравје денеска регистрира 50 оздравени пациенти и тоа во: Скопје-16, Куманово-10, Прилеп-6, Тетово-15, Велес-1, Крива Паланка-1 и Валандово-1. Во ГОБ „8 Септември“ почина пациент од Скопје (78 г.) примен на 7 мај и пациент од Тетово (77 г.), на болничко лекување од 14 мај. Во изминатите 24 часа направени се 533 тестирања, а регистрирани се 22 нови случаи со Ковид-19 и тоа во: Скопје-8, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-3, Струга-1, Велес-4, Свети Николе-1 и Гостивар-1.

Потенцира дека вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 1.839, бројката на оздравени пациенти е 1.351, на починати е 106, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 382.

– На Клиниката за инфективни болести и фербилни во изминативе 24 часа примени се двајца нови пациенти, а хоспитализирани се 43 пациенти од кои двајца пациенти се на механичка вентилација. Во ГОБ „8 Септември“ примени се осум нови пациенти, а хоспитализирани се 21 пациент. На респиратор се четворица пациенти, a со потешка клиничка слика се уште двајца пациенти. На инфективните одделенија во Битола, Штип, Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани 62 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид-19, додаде Филипче.

Next Post

Мицкоски: Ако СДСМ одлучи да оди на избори во јуни, нека и е со среќа

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk