Ако СДСМ одлучи да оди на избори во јуни, нека и е со среќа, рече попладнево лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски без да прецизира дали во таков случај неговата партија ќе учествува на изборите.
Во гостувањето во вестите на телевизија Сител, Мицкоски истакна дека на вчерашната лидерска средба една политичка партија соопштила дека за неа е прифатливо изборите да бидат на крајот на јуни – почетокот на јули, но исто така и во септеври, а друга партија прво како предлог го спомнала крајот на јули – почетокот на август, потоа крајот на август, а на крај како термин го посочила 26 јули.