По завршувањето на седница на Владата, премиерот Спасовски на Фејсбук соопшти дека прифатен е предлогот за враќање во нормала на градскиот и меѓуградски превоз, како и превозот од и кон Куманово.
Владата на Република Северна Македонија на денешната седница го прифати предлогот за нормализирање на јавниот градски и меѓуградскиот јавен превоз од и кон Општина Куманово, соопшти премиерот Спасовски.
На оваа седница е прифатен и предлогот на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство со кој патниците од странските земји кои влегуваат на територијата на Република Северна Македонија, по завршување на временскиот период од 21 ден или 14 дена во задолжителен државен карантин, веќе нема да бидат упатувани на дополнителна домашна самоизолација, напиша Спасовски.