Општина Прилеп информира дека денес се регистрирани 2 нови случаи на заболени со Ковид-19, 6 лица оздравеле, а 39 се на домашно лекување.
Информација за состојбата со корона вирусот во општина Прилеп за денеска, вторник 19-ти мај:
Во општина Прилеп денеска има двајца новозаболени од корона вирус, а од заразната болест оздравеле 6 лица.
На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 19 лица, од кои 16 се позитивни на корона вирус. Во делот за изолација се наоѓаат тројца пациенти, од нив двајца се негативни на КОВИД-19, а на едно лице му е земен брис и се чекаат резултати.
Вкупниот број на активни случаи изнесува 59, од кои 39 се наоѓаат на домашно, а 20 на болничко лекување.
Во самоизолација се наоѓаат 158 лица.
Во изминатото деноноќие немало нарушувања на полицискиот час.