МОНИТОРИНГ тимот на ЦИВИЛ, разобличи лажни вести пласирани преку различни профили на социјалните мрежи. На социјалните мрежи се појави лажна вест за наводна „Одлука за избор на кандидати за вработување во УЈП РД Штип“, која граѓаните на Штип веднаш почнаа да ја споделуваат и коментираат, верувајќи дека се работи за автентична вест.
МИНИСТЕРОТ за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека сѐ уште е рано да се отворат границите затоа што, според него, доколку се отворат огромен дел од мерките и бенефитите на националните стратегии можно е да паднат во вода.
ВЛАДА: Ги демантираме дезинформациите дека Владата денеска одржала седница. Денес немаше владина седница и не се донесени никакви владини одлуки.
ПРИСТИГНАА новите 33 еко автобуси за јавен превоз во главниот град.
МИНИСТЕРОТ за економија Крешник Бектеши на денешниот состанок во Струга со претставници на Хотелска асоцијација на Македонија ги презентираше мерките за поддршка на туризмот од третиот пакет мерки на Владата и ги слушна барањата и мислењата на туристичките работници за тоа како побрзо да се рестартира овој сектор.
ТУРИСТИЧКИОТ период во Грција почнува на 15 јуни, датум кога може да се отворат сезонските хотели, а од 1 јули, постепено ќе започнат директните летови од странство до нашите туристички дестинации, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во видео пораката до јавноста во делот посветен на туризмот
НОВИОТ закон што го донесе Унгарија значи дека транс луѓето повеќе не можат да го менуваат својот пол и име на официјални документи, како што се документи за лична карта и потврда за брак.
Амнести Интернешнл се придружи на повеќе меѓународни и национални ЛГБТИ организации во повик забраната да биде отфрлена под хаштагот #drop33.
ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ избори во Хрватска ќе се одржат на 5 јули, неколку месеци пред редовниот рок, така што политичките партии ќе имаат 15 дена да ги презентираат своите програми.
Во ИЗМИНАТИТЕ 24 часа во Русија, од последици од Ковид-19 починаа 135 лица, што е најголем број починати од почетокот на епидемијата во таа земја.
ЕВРОПСКАТА Комисија соопшти дека еден од проектите што ги финансира во рамките на борбата против корона вирусот веќе дава позитивни резултати, а станува збор за брз дијагностички тест.
А. Н. Стојчевски