ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

СДСМ: Платежна картичка од 150 евра во важност од 30 дена и можност за плаќање сметки (ВИДЕО)

Овој пакет ги опфаќа сите невработени лица, социјално ранливите категории, младите, домаќинствата со ниски примања и медицинските лица. Овој пакет ги опфаќа и сите сектори погодени од кризата, домашните компании, извозните компании, услужната дејност, земјоделството и туризмот.

May 20, 2020 18:33
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Потпретседателот на СДСМ, Коста Петров на прес конференција ги соопшти деталите од третиот сет економски мерки за поттикнување на приватната потрошувачка, предвидените картички за социјално загрозени категории, домаќинства со ниски примања, медициски лица, но и многу други групи граѓани. Во соопштението од партијата детално се изнесени сите детали околу спроведувањето на оваа мерка.

Третиот пакет на економски мерки од вредност од 355 милиони евра, подготвен од економскиот совет на СДСМ, опфаќа 730.000 корисници. Овој пакет ќе ја трансформира нашата економија и ќе ја направи поконкуретна. Со овој пакет ја зголемуваме приватната потрошувачка, стимулираме раст но и промоција и заштита на домашните производи и услуги. Преку овој пакет, ги заштитуваме работните места на нашите сограѓани и креираме нови работни места.

Никој не е заборавен. Овој пакет ги опфаќа сите невработени лица, социјално ранливите категории, младите, домаќинствата со ниски примања и медицинските лица. Овој пакет ги опфаќа и сите сектори погодени од кризата, домашните компании, извозните компании, услужната дејност, земјоделството и туризмот.

Третиот сет на мерки вклучува платежна картичка од 150 евра за македонски производи и услуги за околу 100.000 граѓани.

Оваа картичка ќе ја добијат сите невработени лица, баратели на работа кои немаат над 15.000 месечни приходи според УЈП, како и примателите на гаранатирана минимална помош.

Оваа мерка ќе се реализира во месеците јуни и јули а картичката ќе биде достапна преку комерцијалните банки ширум земјата. Се работи за посебна дебитна картичка, која ќе може да си ја подигнете од банката со која соработувате, или од банка по ваш сопствен избор, а со неа, во период од 30 дена ќе можат да се купуваат домашни производи и услуги, но и да се плаќаат тековни сметки. Оваа картичка ќе можат да ја добијат и лицата кои имаат блокирани сметки, бидејќи се работи за посебна сметка.

Со третиот сет на мерки, со 16 милиони евра, го поддржуваме и македонскиот туризам и туристички сектор.

Сите вработени граѓани што примаат плата помала од 15.000 нето месечно и немаат други приходи според УЈП, ќе добијат ваучер за домашен туризам од 100 евра и платежна картичка од 50 евра.

Овој ваучер ќе има посебен код за секој индивидуален корисник а ќе може да се користи за сите хотели и легално пријавени сместувачки капацитети ширум земјата, во текот на летните месеци.

Платежната картичка од 50 евра е наменета за купување на домашни производи и услуги.

Се грижиме и за младите.

Третиот сет на мерки вклучува и поддршка од 9 милиони евра за 100.000 млади, студенти и средношколци.

Мерката опфаќа ваучери од најмногу 100 евра за покривање на партиципација во Универзитет како и сместување во студентски, ученички домови и регистрирани сместувачки капацитети за студенти и средношколци.

Мерката вклучува и платежна картичка за млади, во вредност од 50 евра задомашни производи и услуги.

Со 3 милиони евра, ги поддржуваме младите да стекнат нови знаења кои ќе им овозможат брзо вработување во новата развојна економија.

Оваа мерка ќе опфати од 7.000 до 10.000 млади до 29 години, кои ќе посетуваат академии во земјава за дигитални и ИТ вештини.

Третиот пакет вклучува и викенд без ДДВ за сите граѓани. Овој викенд е планиран за крајот на месец август. Во текој на тој викенд, сите граѓани, регистрирани корисници на е-пдд, ќе можат да купуваат поевтини продукти во одреденипродажнисектори, какоштосепродавницитезагардероба, белатехника, мебел, санитарија, школскиприбор и книги.

Почитувани граѓани, дозволете да ве информирам и околу реализацијата на бескаматните кредити КОВИД 1, КОВИД 2 и финансиската поддршка од 14.500 денари.

За бескаматна кредитна линија КОВИД 1, веќе се исплатени над 3,5 милиони евра, односно 64% од одобрените средства од оваа бескаматна кредитна линија. Започната е реализацијата и на КОВИД 2, и веќе имаме 26 одобрени фирми со 340.000 евра.

За финансиската поддршка од 14.500 денари, досега се обработени вкупно 17,813 барања за 110.325 вработени, а финансиската поддршка досега изнесува 1.545.193.018 денари.

Почитувани граѓани, заедно ќе ја пребpодиме оваа глобална криза. Економскиот совет на СДСМ веќе почна да работи и на четвриот сет на економски мерки, кој се очекува да биде претставен на почетокот не септември. Од оваа криза сите ќе излеземе, и похрабри, и посилни.

Next Post

Заев ги повика партиите да ги стават интересите на граѓаните на прво место

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk