Полицискиот час би требало да трае од сабота од 19 часот, до вторник до 05 часот наутро, е предлогот којшто Комисијата за заразни болести ќе го упати до Владата за претстојниот празничен викенд, потврдија за Плусинфо од Комисија.
Препоракатае „полициски час“, во деновите на одбележување на Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“ и големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, да почне во сабота попладне (19 ч.) и да трае до вторник наутро (5 часот) или вкупно 58 часа.
Од пристигнувањето на корона вирусот во нашата земја досега Владата ги прифати речиси сите препораки на Комисијата за заразни болести.