Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски на средба со претставници од фондацијата Метаморфозис разговарале за проектот Civic Participation in the Digital Agenda – #ICEDA.
Граѓанскиот сектор продолжува да биде наш партнер при креирање и имплементација на политиките на МИОА. На денешната средба со фондацијата Метаморфозис разговаравме за нивниот проект за следење и поддршка на Дигиталната агедна во нашата земја, напиша министерот Манчевски во Фејсбук пост.
Унапредувањето на е-услугите и дигиталната писменост на граѓаните е наша заедничка цел и преку отворена соработка ќе успееме да ја реализираме, додава тој.
На средбата, исто така, станало збор и за зголемената важност на проектот за време на пандемијата, која понатаму ќе се одрази на промоција на интернет услугите и дигиталната писменост кај граѓаните, потенцијалните соработки меѓу институциите и граѓанското општество и заедничките активности во рамките на проектот.
Фронтлајн неодамна имаше интервју со Филип Стојановски, експерт за информатичко општество и медиуми, активист, а инаку директор за партнерство и развој на ресурси во фондацијата Метаморфозис, за лажните вести, манипулирањето на фактите и селективниот пласман на вистината како едни од главните проблеми во информирањето во оваа дигитална ера.
А. Н. Стојчевски