Заменик министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска на Тв24 рече дека Христијан Мицкоски вршел притисок врз член на Внатрешната контрола при МВР за случајот „Теретана“.
– Јас жалам што се прави огромен притисок врз вработените. Нема потреба господинот Мицкоски да се јавува телефонски кај дополнителниот помошник за внатрешна котрола и да врши притисок овој случај побрзо да се заврши. За тоа имам службена белешка од дополнителниот помошник министер на одделот на внатрешна контрола дека му било јавено побрзо да се реши овој случај, бидејќи Мицкоски имал притисок од јавноста, вели Петровска.