Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на 24 мај (недела) е државен празник „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители. Исто така, 24 мај (недела) е државен празник на Република Северна Македонија – Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам.
Понеделник, 25 мај е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.