Манчевски: Утре ќе се знае каков полициски час ќе има за викенд. Она што може да се забележи деновиве има мал пораст на бројките на светско ниво. Нашите здравствени власти ги знаат точно кластерите и немаме непознати жаришта. Дел од заразените се од литијата во Струга, како и од вечерите за Ифтар. Затоа ако сакаме да се олабават мерките ќе мора да се зголеми личната одговорност преку почитување на мерките за заштита, рече Манчевски за ТВ 24.
Костадинов: Мицкоски зборува за здравјето, а не почитува мерки на заштита.
Костадинов потсети на случајот со снимките како лидерот на ВМРО ДПМНЕ вежба во теретана во време на пандемија и забрана за работа на фитнес центрите.
Од денешните 26 случаи во Скопје, 9 се во Аеродром, 6 во Чаир, 4 во Сараj.
Во општините Кисела Вода, Петровец и Гази Баба има по еден случај.
Манчевски: Голем е ризикот за избори на есен, после вонредната да продолжи процесот каде што застана.
Ако завршува вонредната состојба на 30 –ти и не ја продолжиме, избори сакале-нејќеле треба да има на 21 јуни, толку нема дебата тука, закон е тука нема што“, дополни Манчевски.