ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Рама: Албанија целосно се отвора до крајот на мај, почнуваме со подготовки за туристичката сезона

May 21, 2020 15:03
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Албанскиот премиер Еди Рама денеска најави целосно отворање на Албанија до крајот на овој месец, додавајќи дека земјата почнува со подготовка за туристичката сезона, пренесуваат од МИА.

-Во текот на месец мај, нашата земја ќе биде целосно отворена. Албанските граници ќе бидат отворени. Ќе почнеме да се подготвуваме за туристичката сезона, рече Рама од собраниската говорница на денешната пленарна седница на Парламентот во Тирана.

Тој не ја отфрла можноста од втор бран на пандемијата со Ковид19.

-Можен е втор бран на пандемијата, а доколку тоа се случи тој ќе биде потежок од оној низ кој поминавме. Дури и за нас, ако се повторат работите, мора да се соочиме со сериозноста ,како што и се соочивме, рече тој.

Од понеделникот во Албанија стапи во сила втората фаза од олеснителните мерки, со кои по повеќе од два месеца, се отворени баровите, рестораните, кафулињата, музеите, библиотеките.

Во 56 од вкупно 61 општина, кои се нарекуваат зелени зони, целосно е укинат полицискиот час, додека во останатите пет црвени зони Тирана, Драч, Скадар, Круја и Курбин почнува во 21:00 и трае до 5:00 часот.

Засега во сила се уште е забраната за јавниот превоз, одржување спортски и културни настани, а затворени и понатаму се копнените и воздушните граници за движење на граѓаните.

Инаку, албанската Влада, вонредна состојба, поради „природна непогода“ на целата територија на земјата, прогласи на 24 март и тоа за период од 30 дена, додека албанскиот Парламент истата ја продолжи до 23 јуни.

 

Next Post

15: Нови 40 случаи на корона вирус, непридржување кон мерките во тетовско - причина за големиот број заразени, Мицкоски си мислел дека МВР е МВРО-ВМРО

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Теоријата на панспермија – животот како космички вирус

November 1, 2025
Протести Србија. Фото: Скриншот, ТВН1

(ВИДЕО) Европски социјалдемократи: Ние сме со демонстрантите во Србија кои протестираат веќе една година

November 1, 2025

(ВИДЕО) Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk