ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

15: Нови 40 случаи на корона вирус, непридржување кон мерките во тетовско – причина за големиот број заразени, Мицкоски си мислел дека МВР е МВРО-ВМРО

Блок вести во 15,00 часот.

May 21, 2020 15:05
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Во ИЗМИНАТИТЕ 24 часа направени се 549 тестирања, регистрирани се 40 нови случаи на ковид-19, а Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти.

СОБИРАЊЕТО на луѓето во групи и непридржувањето до мерките и во тетовскиот регион е причината за драстичното зголемување на бројката на заболени со Ковид-19 и создавањето на нови кластери. Вака ја окарактеризира големата бројка на нови заболени Наим Скендери специјализант по епидемиологија при Центар за јавно здравје во Тетово.

До СЕПТЕМВРИ годинава се очекува да биде подготвена новата дигитална платформа која ќе им помогне на домашните индустриски комапнии да освојуваат нови пазари.

АНГЕЛОВСКА: Платежните картички и средствата граѓаните очекуваме да ги добијат во периодот јуни-јули, како што стои во пакетот, додека ваучерите за туризам граѓаните би ги добиле јуни, најдоцна јули, а предвидено е да се користат до крајот на 2020 година.

На ИНСТИТУТОТ за трансфузиона медицина пуштен во употреба нов апарат за донирање конвалесцентна плазма, кој по завршување на пандемијата ќе се користи за донирање стандардна плазма и тромбоцити, напиша министерот Филипче на своите профили на социјалните мрежи.

ССМ смета дека здравствена криза предизвикана од КОВИД-19 покажа дека повеќе од потребно е недела да биде неработен ден за сите работници.

ПЕНДАРОВСКИ: Светскиот економски форум во својот извештај од април оваа година потврдува дека иако многумина во пандемијата препознаваат можност за решителни чекори во преструктурирање на економиите, индустриите, технологијата, воопшто начинот на живот, во согласност со принципите на одржливиот развој,  сепак приоритет ќе им се даде на бизнисот и на работните места.

ХРИСТИЈАН Мицкоски си мислел дека МВР е МВРО-ВМРО па се јавувал во внатрешна контрола да врши притисок за случајот „Теретана“, извести портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска на денешната прес-конференција.

ФРОНТ: Џабир Дерала: МВРО во неговото најлошо издание.

ФРОНТ: Сашо Ордановски за ЦИВИЛ медиа: „Жолтите комбиња“ летаат на небо.

КОСТОВА на Фејсбук: Оркестрираната онлајн хајка само нè потсети сите каде и со кого живееме.
Очекувам органите на прогонот да постапат соодветно, за да се спречат понатамошни вакви онлајн малтретирања, навреди и закани.

ГРАД Скопје почнува акција за ослободување на јавниот простор во време на корона и се придружува на семејството европски и светски градови кои за време на пандемијата ослободија големи простори за потребите на пешаците и велосипедистите, за подобар проток на воздух во урбаната средина и за повеќе зеленило.

ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО на Министерството за здравство утринава викнало полиција зашто вознемирен граѓанин на скалите од зградата со повишен тон барал да се сретне со министерот за здравство Венко Филипче, објави Слободен печат.

МКЦ информира дека од денеска почнува со музичка програма во соработка со Кино Шишка од Љубљана. Концертите ќе се реализираат онлајн, а публиката ќе може да ги проследите преку „Фејсбук“, „Јутјуб“ и платформата Зум.

Од ДЕНЕСКА до 31 мај онлајн ќе се одржува 10-тиот Филозофски филмски фестивал со наслов „Пролетни онлајн миграции“ во организација на Филозофското друштво на Македонија, Кинотеката и македонската VoD платформа Cinesquare, со поддршка на Град Скопје. Целосната програма на ФФФ со учество на домашни и странски гости ќе продолжи наесен.

ДРУШТВОТО на филмските работници на Македонија е основано на 21 мај 1950. Тоа е формирано како општествена организација што ги опфаќа филмските работници од сите профили. За прв претседател на ДФРМ беше избран Јован Бошковски, а Милтон Манаки, првиот снимател на Балканот беше избран за прв почесен член.

ФОТОГРАФИЈА од мајка мечка и четири малечки слатки мечиња се појави на социјалните мрежи и на некои веб портали и предизвика голема заинтересираност. Во описот на фотографиите стои дека мечката и малите мечиња се сликани на Водно односно во непосредна близина на Свети Пантелејмон, што е невистина, пишува КриТинк.

ПРОСЕЧНАТА месечна исплатена нето-плата по вработен во март 2020 година изнесувала 26.422 денари што во однос на истиот месец лани е зголемување за 7,4 отсто. Бруто платата, пак, била 39.437 денари што е раст од 8,1 процент, соопшти Државниот завод за статистика.

ДЕЛЕГАЦИЈАТА на ЕУ во Северна Македонија вчера го означи комлетирањето на два проекта од ИПА 2 програмата за поддршка на правосудството во земјата, при што е отворена нова судница во затворот „Идризово“ и реконструкција на затворот во Битола.

ВЛАСТИТЕ во Вухан, епицентарот на пандемијата на корона вирус, официјално забранија јадење на сите диви животни, пишува Британски Индипендент.

НАЈМАЛКУ 22 лица загинаа во силниот циклон Амфан што го погоди брегот на Индија и Бангладеш.

А. Н. Стојчевски

Next Post

Шилегов: Граѓаните треба да бидат сојузници кога се спроведува некоја мерка

Shortcut

Најново

Алиу: Првото психолошко советувалиште за деца и адолесценти отвора нов пристап кон менталното здравје

June 6, 2026

Филипче: На што ќе се вади сега Мицкоски после пораките на Мерц и Макрон?

June 6, 2026

Случај „Мазут“: Може ли да има кривично дело ако нема утврдена штета?

June 6, 2026
Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

June 6, 2026

„Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

June 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  •  „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk