Земјотресот со епицентар 760 километри јужно од Скопје, во Средоземно Море, со локална Рихтерова магнитуда 5,8 е почувствуван и кај нас во 00,43 часот, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Земјотресот со локална Рихтерова магнитуда 5,8 е почувствуван и во нашата држава со интензитет од II-III степени според Европската макросеизмичка скала.
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија има станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, и е одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје./МИА/