ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Анкета: Бајден во предност во однос на Трамп

Според анкетата објавена синоќа, Бајден, кој е се поизвесниот претседетателски кандидат од Демократската партија, е поддржан од 50 проценти од гласачите, додека за републиканецот Трамп би гласале 39 проценти на претседателските избори во ноември.

May 22, 2020 08:00
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешниот американски потпретседател Џо Бајден води со 11 проценти пред шефот на државата Доналд Трамп, во најновата анкета на Универзитетот Квинипек, која покажува дека Американците не ја одобруваат работата на актуелниот претседател во врска со спречувањето на епидемијата на Ковид-19 во САД.

Според анкетата објавена синоќа, Бајден, кој е се поизвесниот претседетателски кандидат од Демократската партија, е поддржан од 50 проценти од гласачите, додека за републиканецот Трамп би гласале 39 проценти на претседателските избори во ноември.

Од регистрираните демократи, 88 проценти изјавиле дека ќе гласаат за Бајден, а само пет проценти се изјасниле дека ќе гласаат за Трамп. Од републиканците, пак, 87 проценти би гласале за Трамп, додека осум проценти го избираат Бајден. Резултатот кај независните е 47 проценти наспроти 36 отсто во полза на Бајден.

Водството на Бајден е зацврстено во спордба со минатиот месец, кога во истата анкета тој водел со 49 проценти наспроти 41 отсто за поранешниот потпретседател на САД.

Бајден добива предност во анкетите во момент кога економските оператори во САД започнуваат со внимателно отварање на работата и покрај пандемијата на коронавирусот. Се повеќе гласачи не одобруваат како Трамп се справува во одговор на коронавирусот. Педесет и еден процент од гласачите ја одобруваат неговата работа, додека 56 проценти не ја одобруваат, во споредба со април, кога 46 проценти од гласачите одобрувале, а 51 процент не одобрувале.

Прашани кој кандидат тие сметаат ќе може подобро да се справи со епидемијата, 55 проценти му укажале доверба на Бајден, додека 39 проценти го избрале Трамп. Повеќето гласачи сметаат дека Бајден подобро би се справил и со здравствената заштита во САД отколку Трамп (57 наспорти 37 проценти).

Сепак, гласачите се поделени во однос на прашањето кој кандидат е подобар за економијата – 48 проценти сметаат дека тоа е Бајден, додека 47 проценти посочуваат кон Трамп.

– Предноста на Бајден укажува дека во најдобар случај, довербата кон претседателот Трамп е нарушена, додека во најлош, како што се зголемува бројот на заразени од коронавирус, се доведува во прашање разумноста на Трамп, а ноември е се поблиску, изјави Тим Малој, анкетен аналитичар од Универзитетот Квинипек.

Анкетата е спроведена откако универзитетот Колумбија вчера објави анализа дека доколку мерките за физичка дистанца во САД би биле воведени две недели порано, односно на 1 март кога епидемијата започна да се шири, би биле спасени 36.000 животи.

Во САД досега од Ковид-19 починаа над 96.000 лица, додека регистрирани се повеќе од 1,6 милиони заразени луѓе.

Next Post

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk