Од Општина Прилеп соопшуваат дека денеска, петок 22 мај, има двајца новозаболени од Ковид-19.
„Во општина Прилеп денеска има двајца новозаболени и едно оздравено лице од коронавирус. Во самоизолација се наоѓаат 85 лица. Во изминатото деноноќие немало нарушувања на полицискиот час, а во изминатите два дена против 10 лица се поднесени прекршочни пријави заради неносење заштитни маски“, се вели во соопштението од Општина Прилеп.





