Две лица го преживеаја уривањето на патничкиот авион во Пакистан, соопштија денеска локалните власти.
Иако претходно беше соопштено дека нема преживеани во авионот со 98 патници и екипаж, подоцна е соопштено дека две лица го преживеале падот на авионот, кој се урна во населена област во Карачи.
Во првите извештаи беше посочено дека во авионот имало 107 патници и членови на екипажот, но подоцна е прецизирано дека имало 91 патник и седум членови на екипажот.
Градоначалникот на Карачи, Васим Ахтар изјави дека се уништени неколку куќи во падот на авионот на пакистанската авиокомпанија ПИА (Пакистан интернешенел ерлајнс). Засега не е познато дали некој загинал во тие куќи.
Авионот летал од градот Лахоре до Меѓународниот аеродром Џинах во Карачи, еден од најпрометните аеродроми во Пакистан.