Државата е таа која ги носи одлуките и кога управува со системот во вакви ситуации. Ако некој мисли дека ќе врши притисок, да знае дека со притисокот нема да издејствува ништо. Ако носевме одлуки под притисок, верувајте ќе имавме по 2 седници на ден, една претпладне и ќе носевме одлуки, и една попладне за да носиме одлуки за оние на кои не им се допаѓаат мерките“, изјави премиерот Оливер Спасовски на промоцијата на донација од македонски општествено одговорни компании, која се состои од 85 машини за неинвазивна вентилација и 24 концентратори на кислород..
„Нема никој посилен од државата, ни функционер, ни верски лидер, ни институција. Комисијата за заразни болести предложи полицискиот час да почне од утре во 19 часот и да трае до вторник во 5 часот. Викендов е верскиот празник Рамазан бајрам и државниот празник Св. Кирил и Методиј. Седницата на Владата на која ќе одлучува за овој предлог е закажана за денеска во 17 часот….Ние сме одговорни, сериозни и носиме одлуки кои се во интерес на граѓаните. Можам да кажам дека сите одлуки, речиси 100 %, без министерот за внатрешни работи, ги носиме едногласно“, рече Спасовски.