Активистите на ЈП „Паркови и зеленило“ вработени во пунктот во Карпош 4 денес спасија бебе сокол од сигурна смрт.
Како што велат тие на својот фејсбук профил, бебето сокол било паднато на земја и опколено со чавки кои го колвале. Активистите го однеле во зоолошката градина каде што е предадено на одгледувач – љубител на птици, за опоравување и згрижување. Инаку, малото бебе сокол е од видот ветрушки.
сликата е преземена од нивниот официјален фејсбук профил.
И.Ежова