ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Логиката, законите и здравјето налагаат избори во јуни, само Мицкоски е против

Животот на луѓето мора да продолжи, а со тоа и животот на демократијата. Тоа е главниот аргумент за одржување на изборите, како во Франција, Србија, Хрватска и другите земји низ светот, така и во Северна Македонија. Избори, 22 дена по крајот на вонредната состојба, на 21 јуни. Или само неколку дена подоцна.

May 23, 2020 14:48
in АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Франција закажа втор круг од локалните избори на 28 јуни. Претходно, на 15 март, француските гласачи излегоа на првиот круг од локалните избори, само два дена пред воведување целосен карантин во земјата. Иако земјата и тогаш беше под делумен карантин, свесни дека функционирањето на демократските институции е од пресудна важност за нивниот живот, гласачките места се отворија. На крајот на овој месец, земјата во која коронавирусот однесе преку 28.000 животи, односно 433 жртви на популација од еден милион луѓе, ќе се одржи вториот круг од локалните избори во 5.000 општини каде што е неизвесен конечниот изборен победник.

„Демократскиот живот мора да се врати заедно со економскиот, социјалниот и приватниот живот“, изјави премиерот Едуард Филип на прес-конференција, рефлектирајќи го расположението на политичките партии, но и на јавноста, која ја согледува потребата од враќањето на нормалниот тек на животот, а со тоа и заокружување на демократските процеси во целост.

Франција не е единствената земја во која се организираат избори во овој период. Србија, Хрватска, Шпанија, Исланд и десетина други држави во светот одржуваат избори. Придржувањето кон мерките за заштита од ширењето на коронавирусот секако се неопходност во сите држави што подготвуваат избори, но тоа и е „новата нормалност“ – засилени мерки за заштита, но и продолжување на нормалното функционирање на системот. Сѐ друго е ненормално и нездраво во секоја смисла на зборот.

Животот на луѓето мора да продолжи, а со тоа и животот на демократијата. Тоа е главниот аргумент за одржување на изборите, како во Франција, Србија, Хрватска и другите земји низ светот, така и во Северна Македонија. Избори, 22 дена по крајот на вонредната состојба, на 21 јуни. Или само неколку дена подоцна.

Во овој момент, нашата земја има нефункционален парламент, откако иницијативата за негово реактивирање пропадна од познати причини (Кој и зошто не сака реактивирање на Собранието?). Државата ја води техничка влада чиј мандат е да организира избори, но која се затекна во ситуација да се справува со епидемијата од коронавирусот, во услови на вонредна состојба што ја прогласи и два пати ја продолжи претседателот Пендаровски. И претседателот и владата покажаа ретко видена политичка и административна умешност да ја водат земјата низ кризата, наспроти тешките гафови и скандали на дел од техничките министри или дополнителните заменици.

Во услови кога училиштата се затворени, кога и границите се затворени (ќе се отворат кон средината на јули), со почитување на препораките од здравствените институции, единствениот логичен избор за одржување на предвремените парламентарни избори за кои се договорија лидерите на парламентарните партии кај претседателот на државата е токму јуни. Дополнително, ова е и законска обврска на институциите и на сите засегнати страни и носители на одлуки, да го продолжат изборниот процес онаму каде што е застанат, веднаш по завршување на вонредната состојба. Срамота. Законските обврски на институциите се навикнавме да ги наведуваме како дополнителни…

Сите знаат дека избори во јуни се далеку поздрава опција отколку избори во јули или август, а за септември и да не говориме. Во јули и август ќе се оди по одмори, голем број луѓе ќе ја посетат или ќе транзитираат низ земјата, што ќе предизвика ново зголемување на бројот на заразени од коронавирусот. Форсирањето на избори во јули, август или септември, не е грижа за здравјето на луѓето, туку негово загрозување во служба на теснопартиски интереси и страв од неуспех. Избори во разумен и законски рок (во јуни) ќе ѝ даде можност на земјата да се подготви за предизвиците што следат од септември па натаму.

Пред новиот парламентарен состав и новата влада стои долга листа задолженија – заздравување на економијата и стопанството, прилагодување на образовниот систем, подобрување и прилагодување на законската регулатива соодветно на здравствените предизвици, реформи и процеси соодветни на националните стратешки интереси како што е ЕУ интеграцијата… И, најважно од сѐ, грижа за јавното здравје. А за него не може да се води грижа без парламент, со техничка влада и неуспешни лидерски средби во недоглед.

Лидерските средби се добри само доколку не се злоупотребуваат за теснопартиски интереси. Ако лидерските средби се сфатат како дел од политичката култура, преку дијалог и консензус да се потврдат или забрзаат демократските процеси, тие се повеќе од добредојдени. Но, ако тоа стане алатка за избегнување на одговорноста, тогаш имаме сериозен проблем. Во ситуација кога лидерските средби ги бара Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ, за потоа да ги претвори во евтин и неуспешен водвиљ, тогаш нема зошто да се одржуваат.

Наместо да се настани за подобрување на политичката клима, лидерските средби само ја влошуваат, затоа што Мицкоски одбира да ги блокира демократските процеси со што се кршат и законите, демократските принципи, владеењето на правото и добрите изборни практики. Притоа, не само што го нарушува сопствениот и угледот на партијата што ја претставува, туку дејствува деструктивно врз демократијата во земјата воопшто. (повеќе за лидерските средби: Меѓу одговорноста, концентрацијата на моќта и амнестијата на криминалот).

Затоа, оваа „техничка“ состојба, во која државата се наоѓа веќе предолго, мора да се надмине со почитување на законите и демократските стандарди, се разбира, заедно со здравствените препораки кои се дел од „новата нормалност“.

Земјата предолго живееше во длабоката сенка на самоволието на режимот на Груевски (ВМРО-ДПМНЕ), но институциите, политичките партии, медиумите и граѓанските организации имаат обврска да помогнат во надминување на последиците од авторитарното владеење. Прв чекор кон надминување на последиците од режимот е да се прифати дека демократијата започнува и завршува со избори, а не со техничка влада и вонредна состојба, дека тоа се само привремени, а не трајни решенија. Политичките партии се најповикани да ги охрабрат луѓето да бидат суштински поврзани со демократските процеси и одлуки, да бидат одговорни и активни актери, а не публика што немо посматра како поминува животот.

Сево ова значи избори, час поскоро. И тоа во јуни, 22 дена по укинување на вонредната состојба. Според динамиката на изборниот процес, прекинат со коронавирусот, датум за предвремени парламентарни избори е 21 јуни. Сѐ друго е компромис со неодговорните политичари, да не употребиме покрупни квалификации кои секако се повеќе од заслужени. И онака, логиката, законите и здравјето налагаат избори во јуни, само Мицкоски е против. Што е демократско право. Не мора сите да се согласуваат во сѐ, а уште помалку да прават нелогични, незаконски и нездрави компромиси.

 


Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

„SafeJournalists“: Ситуацијата е надвор од контрола – бараме итна заштита на медиумските работници во Србија

July 3, 2025
Фото: Укринформ

Осум загинати во нови руски напади врз Украина

July 3, 2025

Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk