Имамот Максут Абази решил уште од крајот на март да не дозволува намаз со верници во џамијата во Порој. Ваквата одлука ја донел за ги почитува мерките за заштита од коронавирусот, се вели во текст на Алсат М.
„Ја донесов оваа одлука за да не дозволам вирусот да се шири кај моите сограѓани. Џамијата е Божја куќа, верникот кога доаѓа да се моли во џамија треба да биде слободен. За мене не е во ред да им кажам на верниците да мијат рацете, да ги дезинфицираат рацете и да држат социјална дистанца“- вели Абази за Алсат М.