Откако денес низ интернет се рашири сликата на која се гледа како во низата националности на страната на НАТО, наместо „македонци“ пишува „граѓанин на Република Северна Македонија“, министерот за надворешни работи, Никола Димитров во пост на Фејсбук напиша дека грешката е исправена и појасни дека станува збор за графа за државјанство, а не за етнички идентитет.
Зборувавме со НАТО и ја поправија грешката. Благодарност до добронамерните на укажувањето. За некои пак, веќе нема да има причина за (зло)радост. Инаку, графата е за државјанство, не за етнички идентитет. Nationality и citizenship се синоними, иако националност и државјанство не се, напиша Димитров.