Вкупната бројка на Ковид-19 дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата, како што се посочува, изнесува 1.978, бројката на оздравени пациенти е 1.422, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 443, известуваат од Министерството за здравство.
Скопје, Тетово и Прилеп се градовите со најмногу активни заболени пациенти од Ковид-19.
Последната дистрибуција по градови е:
• Скопје – 713, активни 199
• Куманово – 433, активни 34
• Дебар – 51,
• Штип-40, активни 5
• Прилеп –210, активни 48
• Тетово – 172, активни 77
• Струга – 75, активни 8
• Велес – 127, активни 43
• Битола –28, активни 7
• Охрид –23, активни 8
• Кавадарци – 5,
• Гостивар –21, активни 4
• Гевгелија – 4,
• Струмица – 3, активни 1
• Крива Паланка- 6, активни 1
• Радовиш – 4,
• Крушево – 3,
• Кочани – 31,
• Пробиштип – 2,
• Кичево – 2,
• Неготино -10, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
• Демир Хисар – 1,
• Македонски Брод – 2,
• Пехчево- 3, активни 1
• Делчево-1,
• Валандово -1,
• Виница – 3, активни 1
• Кратово-2, активни 1
• Берово-1, активни 1
• Свети Николе-1, активни 1
Досега во земјата се направени вкупно 25270 тестирања на Ковид-19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се четворица нови пациенти, хоспитализирани се 58 пациенти. На кислородна поддршка се 24, на механичка вентилација се двајца пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ примени се пет нови пациенти, а хоспитализирани се 18 пациенти. На респиратор се пет пациенти, a со потешка клиничка слика се уште четворица пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани тројца пациенти, еден пациент во тешка состојба е пратен на Инфективната клиника во Скопје. На домашно лекување се следат уште четворица пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани пет пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 42 пациенти, позитивни и сомнителни на Ковид-19, стои во соопштението од Министерството за здравство.