Социјалдемократот Јосип Јуратовиќ е пратеник од СДП во германскиот Бундестаг веќе четири мандати. Јуратовиќ го претставува својот поглед на Европската Унија и глобалната криза, или дали на Европа и се заканува губење на нејзините општествено-политички вредности:
– Вредностите врз кои е основана Европската унија се почитување на достоинство, слободата, демократијата, еднаквоста, владеењето на правото и почитувањето на човековите права, вклучително и правата на лицата кои припаѓаат на малцинствата. Овие вредности се вообичаени за сите земји-членки што доаѓаат од општествa што се карактеризираат со плурализам, недискриминација, толеранција, правда, солидарност и еднаквост меѓу жените и мажите.
Слично на член од германскиот Устав и член 1. од Лисабонскиот договор формулира заеднички вредности според кои Европската унија се смета за обединета. Меѓутоа, кога се соочивме со постојаното и натамошно продлабочување на економските нерамнотежи од 2008 година, мигрантските движења и сега пандемија на корона вирусот, ова објаснување се чини како документ од некои дамнешни времиња. ЕУ е на крстопат и сите нејзини членки, особено Германија, сега мора да одлучат: дали конечно треба да дејствуваме во согласност со овие вредности или да го погребаме сонот за обединет континент што е повеќе од збир на неколку држави?
На крајот на краиштата, каде е почитта кон човечкото достоинство ако не успеавме да го решиме проблемот со камповите на Лезбос и на другите грчки острови каде што десетици илјади луѓе опстојуваат во неизвесност за својата судбина во калта и мизеријата? Ако дури и за време на Велигден најголемиот верски празник на христијаните свесно им дозволуваме на бегалците во Средоземното Море да се удават? Каде е слободата, ако како прва реакција на ширењето на вирусот Корона ги затвориме европските граници без никакви докази за ефективноста на оваа мерка? Каде се демократијата и владеењето на правото ако се спротивставиме на систематско отстранување на овие практики во Унгарија и Полска, само со протестни ноти и најава за построг надзор?
И конечно, каде е вистинската солидарност да застанеме едни до други во тековната криза? Ова е посебно прашање што ние Германците мора да си го поставиме – како што рече сојузниот претседател Франк-Валтер Штајнмаер во својот велигденски говор:
„Триесет години по германското единство, 75 години по завршувањето на војната, ние Германците не сме само повикани на солидарност во Европа – на тоа сме обврзани!“
Секако, донирањето респиратори и преземањето пациенти на интензивна нега е убав гест – но тоа е капка во океанот покрај огромните страдања што во моментов ги доживуваат Шпанија и Италија, но и Франција, заради вирусот „Ковид-19“. И неодамнешниот договор на министрите за финансии во еврозоната може да изгледа огромен на хартија, како што забележа и холандскиот министер за финансии, Вопке Хоекстра, но „намерно е нејасен“, за да би можеле сите страни да ги напуштат преговорите со чист образ. Ова им дава на земјите од јужна Европа пристап до дополнителен кредит за време на кризата – но тоа само го префрла проблемот во иднина и истовремено ја продлабочува економската нерамнотежа во Европа. Зашто како е можно земјите, особено Италија, да ги вратат своите економии на вистинскиот пат и во исто време да го намалат огромниот државен долг, останува нејасно – без заедничко решение, само уште построг начин на заштеда отколку во последните две децении, државен банкрот или излегување на Италија од еврозоната и евентуално ЕУ со катастрофални последици за целиот континент. Сепак, не, солидарноста изгледа сосема поинаку.
Мораме да донесеме одлука: Дали прифаќаме забрзување на дегенерацијата на ЕУ како ништо помалку и ништо повеќе од една голема економска област? Пазар на кој националните држави самите ја следат својата економска благосостојба, без каква било форма на заеднички вредности или идеалистички цели за повисокји цивилизациски вредности? Или ние ја користиме оваа криза за да направиме јасен рез со внатрешниот пад на последните години и да отвориме ново поглавје – како што направија европските основачи од 1950-тите и 1960-тите со основањето на Европските заедници, а подоцна во осумдесеттите и Хелмут Кол, Франсоа Митеран, Жак Делор и другите направија со Договорот од Мастрихт и еврото.
ГЛОБАЛНА КРИЗА: НА ЕВРОПА И СЕ ЗАКАНУВА ГУБЕЊЕ НА НЕЈЗИНИТЕ ОПШТЕСТВЕНО-ПОЛИТИЧКИ ВРЕДНОСТИ
Исто како и тогаш, ваквиот потег ќе бара политичко лидерство и визии да бидат подготвени за тешко убедување на ризици и компромиси. Во 2018 година, ние потпишавме коалициски договор „Нов почеток за Европа“, а францускиот претседател Емануел Макрон исто така пружи рака. Денес, во пресрет на оваа криза, имаме можност да создадеме нова Европа.
Имаме можност да создадеме солидарна Европа, Европа на економска на општествена и еколошка одговорност, со еднакви можности ширум ЕУ, со цел да обезбедиме сигурна иднина за следните генерации. Европа базирана на вековна борба за демократски вредности и слободи, која може да биде заштитена само со репрезентативна демократија, онаа демократија што автократските режими како тој на Виктор Орбан и Јарослав Качички сакаат да ја уништат со злоупотреба на демократските слободи така што ги укинуиваат. Заблудите за божем национално самоопределување на Западен Балкан ни покажаа дека тоа е само механизам за заштита на криминалните организации бидејќи земјите на Западен Балкан потонуваат подлабоко во сиромаштија, а нивните деца ги напуштаат земјите и одат кон оние кои не зборуваат за национални припадности, но знаат дека само рационално размислувајќи и барајќи партнерства, тие можат да ја обезбедат својата иднина. А за тоа им се потребни функционални институции потпрени на демократски темели. Само силна и обединета Европа, како внатрешно така и надворешно, може да ги реши глобалните проблеми на исто ниво како Америка, Русија и Кина. Затоа што токму во тие земји владеат режими кои се подготвени за договор само од позиција на сила.
Затоа треба итно да се следи патот кон Соединетите Држави на Европа, по примерот на Соединетите Американски Држави. Овој чекор мора да го започнат Франција и Германија и да бидат пример за другите земји од ЕУ со давање дел од сопствениот суверенитет за суверена и со тоа побезбедна Европа.
Што чекаме?
Јосип Јуратовиќ е член на Одборот за надворешна политикам претседател на парламентарната група за Запеден балкан и потпретседател на парламентарната група за Северен јадран (Хрватска и Словеника).
извор: Меѓународен институт за блискоисточни и балкански студии од Љубљана (IFIMES)
Ј. Ѓ.