ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во ЕУ, отстранети милиони лажни реклами на интернет за лекување на коронавирусот

Резултатите од инспекцијата откриле 88 веб сајтови со лажни производи за лечење на коронавирусот, 30 сајтови со лажни информации за вирусот како 24 веб сајтови за кои постои сомнеж дека користат нефер практики за да ги зголемат цените.

May 26, 2020 13:17
in TECH FRONT, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Европската комисија (ЕК) информираше дека на нејзино барање се отстранети „милиони лажни реклами“ ширум Европската унија, во соработка со националните власти за заштита на потрошувачите, јави дописничката на МИА од Брисел.

На иницијатива на Комисијата здруженијата вршат скрининг на милиони веб сајтови и платформи за да откријат реклами кои манипулираат со информации за да промовираат лажни производи, во контекст на пандемијата со коронавирусот. По скринингот блокирани се милиони лажни реклами, соопшти ЕК.

Резултатите од инспекцијата откриле 88 веб сајтови со лажни производи за лечење на коронавирусот, 30 сајтови со лажни информации за вирусот како 24 веб сајтови за кои постои сомнеж дека користат нефер практики за да ги зголемат цените.

Во акцијата се инволвирани властите за заштита на потрошувачите на сите 27 земји членки на Унијата.

Посебно внимание било посветено на понудите за маски, дезинфекциски гелови и други видови заштитна опрема, како и производи кои ветуваат лечење од Ковид-19.

Европската Комисија оцени дека оваа акција е доказ за добрата соработка со онлајн платформите како Гугл и Амазон.

-Повеќето онлајн платформи позитивно одговорија на повикот на Европската Комисија за справување со измами и лажни понуди и покажаа јасна заложба за отстранување на штетни содржини. Меѓутоа, како што покажа овој скрининг, измамниците продолжуваат да наоѓаат начини да ги експлоатираат слабостите на потрошувачите, да заобиколат алгоритми и да отворат нови веб сајтови, изјави еврокомесарот за правда, Дидие Рејндерс.

Тој ги повика потрошувачите да бидат свесни за измамите на интернет, посебно во контекст на пандемијата.

-Треба како потрошувачи да бидете свесни дека не постојат магични лекови од интернет, рече Рејндерс./МИА/

Next Post

Излезе од печат Лингвистички атлас на македонските дијалекти во издание на МАНУ

НАЈНОВО

Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

October 31, 2025

ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

October 30, 2025

Мицкоски: Нашата држава повторно станува силна, стабилна и горда

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk