ПЕТКРАТНО поголем интерес од инвеститорите за македонската еврообврзница издадена на 700 милиони евра со камата од 3,675% Рочноста на еврообврзницата е шест години, додека каматната стапка по која е издадена е втора најниска камата, веднаш по еврообврзницата издадена во 2018 година.
ВО моментов правиме координација на ниво на околните земји, во секојдневна комуникација сме со Албанија, Грција и Бугарија во однос на тоа како ќе се одвива отворањето на границите. Еден од предлозите е од следната недела да се отвори патувањето за членови на фамилија или од службен, економски интерес, во рамките на овие земји, а понатаму во периодот кој следи, по 15 јуни, границите и целосно да се отворат, изјави вечерва министерот за здравство Венко Филипче.
ВЛАДИНАТА одлука од вчерашната 57-ма седница за враќање на работа од 1 јуни не важи за хронично болните и за родителите кои имаат деца на возраст до 10 години, или деца на претшколска возраст.
ВЛАДАТА ги објави протоколите за работа – Летните бавчи од угостителските објекти ќе работат од 8 до 22 часот.
МОНИКА Конопова жртва на насилство од својот татко и жртва на говор на омраза од социјалните мрежи #СоНеаСме
ВЛАДАТА донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба, во која со членот 4 е предвидено отсуството од работа на работничка поради бременост, раѓање и/или посвојување, да продолжи да тече, а со тоа и надоместокот на плата да продолжи да се исплаќа сè до истекот на траењето на времените мерки
БРИТАНСКИОТ премиер Борис Џонсон изјави денеска дека е време Британија да тргне натаму од „премногу фрустрирачката епизода“ во која неговиот најблизок соработник Доминик Камингс беше обвинет за прекршување на мерките воведени за да се спречи ширењето на коронавирусот.
РУСИЈА и Турција треба да преземат дипломатски мерки и да се борат против тероризмот во Либија, изјави на прес-конференција Џонатан Хофман,официјален претставник на Пентагон.
ГЛОБАЛНИОТ туризам се очекува да падне за 70 проценти оваа година во однос на претходната, изјави денеска шефот на Светската туристичка организација на Обединетите нации (УНВТО).
АМБАСАДА на САД во Косово: Сите да ја почитуваат одлуката на Уставниот суд во врска со новата влада.
ЛАЈПЦИГ нема да го намали износот на надоместокот за напаѓачот Тимо Вернер. Ова го објави претседателот на клубот, Оливер Минцлаф. За фудбалерот заинтересиран е Ливерпул.
J. Ѓ.