ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Амбасада на САД во Косово: Сите да ја почитуваат одлуката на Уставниот суд во врска со новата влада

May 27, 2020 18:26
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Косово ги повика сите партии и институции во земјата да ја испочитуваат одлуката што до задутре, 29 мај, треба да ја донесе Уставниот суд во врска со декретот на претседателот на државата Хашим Тачи за мандатирање на кандидатот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Авдулах Хоти за формирање нова влада, јави дописникот на МИА од Приштина.

Од американската амбасада за порталот лајми.нет изјавија дека почитувањето на судските одлуки „не е опција“, туку „клучно прашање за косовската демократија“.

– Како што и порано има нагласено Амбасадата, ние веруваме дека е клучно прашање за косовската демократија сите партии и институции да ги почитуваат одлуките на Уставниот суд, порача американското дипломатско претставништво во Приштина.

Откако пред два месеца, на 25 март, беше изгласана недоверба на Владата предводена од лидерот на Движењето самоопределување (ВВ), Албин Курти, претседателот на државата му го додели мандатот за формирање нова влада на ЛДК, како второрангирана партија на октомвриските избори.

Тачи неколку пати го повика ВВ да предложи кадндидат за премиер, а откако партијата на Курти не одговори на неговите повици, на 30 април тој  му го додели мандатот на Хоти. Утредента, на 1 мај, ВВ го оспори пред Уставниот суд правото на Тачи да го додели мандатот на која било друга партија, освен на онаа која победила на парламентарните избори.

Курти неколку пати последниве денови порача дека одлуката на Уставниот суд ќе ја почитува „единствено доколку таа е толкување на Уставот, а не негово допишување“. Според тоа како ВВ го толкува Уставот, по изгласувањето недоверба од Собранието, нова влада може да се формира единствено по нови избори, а не и од постоечкиот парламентарен состав.

Партијата на Курти утре, ден пред последниот рок кој го одреди Уставниот суд на Косово за донесување одлука во врска со декретот на претседателот на државата за доделување на мандатот за нова влада, ќе одржи „проба за протест“ во центарот на Приштина, на кој, според најавите од ВВ, ќе учествуваат пет илјади нивни членови и поддржувачи. Таква „проба“ партијата на Курти веќе одржа на 12 мај, но тогаш учествуваа околу 400 лица.

Next Post

УНВТО: Се очекува пад на туризмот во светот за 70 отсто

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk