ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Филипче на Телма: Ако има нов бран повторно ќе се воведат рестриктивните мерки

May 27, 2020 21:31
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Терминот во кој што може сигурно да се очекува отворање на градинките е 15 јуни, бидејќи до тогаш ќе биде завршен скринингот на вработените, најави министерот за здравство Венко Филипче.

Скринигот на градинките се очекува да заврши до 15 јуни, а веднаш потоа ќе се тестираат и здравствените работници, полицијата, армијата. Планот за почнување на работата на кино салите, театрите, теретаните ќе биде објавен во следните два дена, и исто како угостителските објекти, и тие ќе работат во неколку фази, вели Филипче. Тој вечерва во емисијата Топ Тема на телевизија Телма истакна дека за летните месеци се планира и скрининг на таргет групи за антитела, за да се увиди каква е состојбата со граѓаните во однос на имунитетот.

-По скринингот на градинките, кои мора да се пуштат во функција за луѓето да се вратат на работа, ќе се следат и медицинските лица, полиција, армија. За летните месеци планираме и еден одреден скрининг на таргет групи за антитела да видиме каква е состојбата со граѓаните, населението, во однос на имунитетот иако податоците од околните земји и некои други европски земји велат дека е навистина рано да се очекува стекнат имунитет. Многу е мал процентот на граѓани кои имаат антитела, дел од нив ја прележале болеста, дел несвесно ја прележале болеста или имале некои симптоми на кои воопшто не им ни обрнале внимание, но тоа е нешто што го планираме бидејќи мора да знаеме каква е ситуацијата во однос на имунитетот и по потреба да планираме и димензионираме мерки за есенските месеци, кога веќе ќе бидат вратени луѓето од патувања, ќе почнат во функција школите и градинките, рече Филипче.

Додаде дека можен втор бран на вирусот наесен, и во тој случај повторно би се имплементирале рестриктивните мерки, но како што рече, системот е подготвен и располагаме со дополнителен капацитет и опрема на клиниките.

-Ако се случи нов бран, СЗО предупредува дека е можно и тоа да биде едно од сценаријата, очекувано е дека ќе треба да се имплементираат повторно рестриктивните мерки, но добро е што ние во меѓувреме работевме и ќе работиме на надградување на болничките капацитети. Сега имаме дополнителен капацитет и на Инфективната клиника, монтажната болница, веќе и докторите и медицинските сестри се свесни за каква патологија станува збор, во смисла што може да се очекува од клиничлиот тек на пациентите, па една рутина која што се стекнува со лекување на овие пациенти, додаде Филипче.

Дополнителна опрема и заштитните материјали се набавени, и државата е подготвена за втор пик доколку не снајде наесен. Дополни дека во тој случај апсолутно е можно и затворање на градинките и училиштата.

Прашан кога може да се очекува да профункционираат комплетно клиниките, Филипче одговори дека веќе од следната недела ќе почнат да се извршуваат интервенциите кои досега беа одложувани.

– Не целосно, но од почеток на следната недела веќе ќе почнат да се извршуваат интервенциите кои беа одложувани, постепено ќе ги враќаме сите тимови на работа, не нагло и наеднаш, и тој период некаде ќе трае две до три недели, но ќе почнат да се вршат интервенциите кои беа одложувани, како во болницата  така на клиниките и во другите болници во државата, додаде министерот за здравство.

За работа на театрите, кино салите, тератаните, има план кој ќе биде објавен во следните два дена.

-Сега е навистина рано, ние во следните неколку денови ќе го објавиме и динамичкиот план врз основа на кој ќе се прават ослободувањата. Тој динамички план ги опфаќа и објектите односно сите овие институции и времето кога очекуваме да тие се вратат во функција. За враќање во функција на деловите кај кои има се уште некое ограничување, ќе оди како во угостителските во неколку фази, рече Филипче.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Повеќе од 350.000 починати од Ковид-19 во светот

НАЈНОВО

Шукова за 24 вести: БРТ системот е најбрзото и најадекватно решение за јавниот превоз во Скопје

October 7, 2025

Филипче: Гледаме арогантна и самобендисана власт која го руши нашиот дом, цигла по цигла

October 7, 2025

Мицкоски со порака до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци

October 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гласини и факти за меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредено едно лице во оружен инцидент во центарот на Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман, две лица лишени од слобода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk