ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Грција ќе распореди 400 полицајци на границата со Турција кај Еврос

May 27, 2020 11:51
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во текот на следните денови, на грчко-турската граница кај Еврос ќе бидат испратени околу 400 полицајци, објавија грчките медиуми, додека пак во текот на денешниот ден министерот за цивилна заштита на Грција Михалис Хрисохоидис ќе ја посети конкретната област каде што ќе започне изградбата на 26 километарски ограда, пренесуваат од МИА.

Министерот за одбрана на Грција Никос Панајотопулос во интервјуто за грчката телевизија „Скај“, коментирајќи го зајакнувањето на границата со Турција, рече дека „алармот кај Еврос не беше исклучен со смирувањето на кризата во март“.

– Имаше некои изјави што укажуваат на тоа дека повторно ќе имаме притисок врз нашите граници, а особено на нашата копнена граница и поради тоа не се опуштаме, рече Панајотопулос.

Во изминатиот период во грчките и странските медиуми се појавија информации дека турски војници влегле на грчка територија кај Еврос, нешто што официјална Атина во повеќе наврати го демантираше.

На вчерашниот состанок на парламентарната комисија за надворешни прашања и одбрана, шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас и министерот за одбрана Никос Панајотопулос се осврнаа и на ситуацијата кај Еврос.

– Владата никогаш не дозволи, ниту ќе дозволи загуба или оспорување на национална територија, морам да кажам, ниту една грчка влада. Секако, постои јасна уставна одредба и позиција. Споменувањата за наводна окупација на, го потенцирам зборот, национална територија, што во последниве денови беа објавени и во странскиот печат, се лажни вести кои не треба да се репродуцираат. Сметам дека е незамисливо да се усвојуваат такви тврдења и да бидат предмет во грчката јавна дебата, рече Денедиас и накусо објасни што се случило кај Еврос.

Според шефот на грчката дипломатија, започнале подготовките за изградба на оградата, а Турција побарала да биде информирана и да ги добие координатите, но одговорот од грчка страна бил негативен.

Потоа следела раздвиженост од турска страна во делот каде што се извршувале подготовките на грчка територија и Атина, со вербална нота реагирала до турскиот амбасадор во Грција.

Како што рече Дендиас, следниот ден со соопштение, Турција тврдела дека Грција ги нарушила нејзините копнени граници.

За време на состанокот на Комисијата и министерот за одбрана на Грција, демантираше дека „грчка територија била окупирана од странски сили односно од елементи на турските вооружени сили кај Еврос“.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

(ВИДЕО) Заев: Во новата нормалност животот продолжува согласно протоколите за заштита

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Филипче од Карпош: Кога една власт ја губи довербата од народот, тогаш измислува непријатели

October 6, 2025
Фото: Шанса за Центар

Ивановска: Обнова на СРЦ Кале – спортот не смее да биде луксуз

October 6, 2025
фото: Кабинет на претседателката

Сиљановска Давкова – Бегај во Драч: Земјите членки на Унијата сакаат многу брзо да го видат регионот во рамките на ЕУ

October 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слушнавме експлозија, земјата се стресе, мислевме дека е земјотрес, сведочат жители за водоводниот дефект во Влае

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Деби гол на Миовски во ремито на Ренџерс со Фалкирк

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk