ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

(ВИДЕО) Заев: Во новата нормалност животот продолжува согласно протоколите за заштита

May 27, 2020 11:52
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Новата нормалност значи дека животот продолжува согласно протоколите за заштита, тоа е наш влог во заштитата на здравјето. Време е сите ние, како поединци, но и како општество да се подготвиме за новата нормалност, да живееме со коронавирусот. Кризата спласнува и се држи под контрола, но вирусот се уште е присутен. Затоа не смееме да се опуштиме. Борбата со коронавирусот треба да ја продолжиме преку целосно почитување на мерките за заштита на здравјето, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев преку видео обраќање.

„Носењето заштитна опрема на лицето, како маска или марама, одржувањето физичка дистанца и зголемена лична хигиена се дел од нашето ново секојдневие.
Овие основни мерки за заштита мора да бидат наше правило од кое нема да отстапуваме. Наш заеднички влог за новата нормалност и заштита на здравјето на луѓето.

„На тој начин, сите ние, делуваме како тим. Заеднички си помагаме, но им помагаме и на здравствените работници кои со месеци се на првата линија на борбата со вирусот.

Новата нормалност значи дека живеачката ќе продолжи согласно протоколите за заштита, а со тоа и сите наши секојдневни обврски и активности. Семејни, приватни, професионални.

Во таква, нова нормалност, ќе се одвиваат и сите процеси во нашето општество.  Така ќе функционираат градинките, училиштата, факултетите, јавниот живот, театрите,  фабриките, јавниот транспорт…

Политичкиот систем кој денес е во крајно комплицирана состојба исто така ќе функционира во рамки на оваа нормалност.

На граѓаните, на државата, им се неопходни законодавна и извршна власт, ново Собрание и политичка Влада со полн капацитет и целосен, нов легитимитет од граѓаните.

Институции со целосен легитимитет за да создадат услови за новата нормалност и подготвени да го дочекаме новиот бран на коронавирусот наесен.

Нашата татковина има потреба од избори во првиот можен термин за да го дочекаме септември подготвени. Со полн капацитет да го заштитиме здравјето на граѓаните и да ја рестартираме македонската економија.

Новата нормалност значи организирање на изборен процес, кампања и гласање согласно здравствените протоколи пропишани од надлежните институции. 100% сигурни избори за граѓаните, за нивното здравје, за сите учесници во изборниот процес.

Покажавме дека заедно можеме да се избориме со невидливиот непријател и да го заштитиме јавното здравје.

Сега е време да покажеме дека заедно можеме да ја обезбедиме новата нормалност, да го заштитиме здравјето и да ја рестартираме македонската економија“, рече Заев.

Next Post

Филипче со Диневи: Органодарителството е највисокиот чин на човекољубие и хуманост, горд сум на ова семејство

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk