Во изминатите 24 часа Грција ја зафати невреме проследено со силни врнежи од дожд, но и снег на дел од планините, од удар на гром почина една жена, додека пак системот за молњи на Националната опсерваторија во Атина, регистрирал над 1.600 молњи во текот на вчерашниот ден, јавуваат од МИА.
На грчкиот остров Скопелос, од удар на гром загина жена додека заедно со нејзиниот сопруг вршеле земјоделски работи.
Во областа Епир и во централна Грција на планините имало обилни врнежи од снег, а дождот и силното невреме предизвикале проблеми и во Атина.
Според локалните медиуми од Халкидики, во текот на вчерашниот ден освен дожд, бил регистриран и силен град, а слична била ситуација и во градот Волос и околината.