Заменичката на претседателот на Владата, задолжена за економски прашања и за координација со економските ресори, Мила Царовска денес, заедно со премиерот Оливер Спасовски и директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Александар Младеновски извршија увид во градежните активности во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 2 (Бунарџик).
Засилено продолжуваат градежните активности на неколку објекти на странски инвеститори коишто и покрај корона кризата не ја запреа градбата, туку напротив овој период го искористија за теренски работи во ТИРЗ Скопје 2.
Со засилена динамика се уредува и потребната инфраструктура со што обезбедуваме услуги за брза реализација на странските инвестиции. Инфраструктурата во зоната опфаќа сообраќајници, водовод, атмосферска и фекална канализација, гасовод и улично осветлување на булеварот и на уличната мрежа, напиша вицепремиерката Царовска во пост на Фејсбук.