ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Нуредини: Нашата мисија е да предложиме и спроведеме мерки што водат до ниска емисија на јаглерод

Инаку ОБСЕ покрај климатските промени како важно прашање кое се дискутира на глобално, регионално и на национално ниво, преку специфични проекти се осврнува и на поврзаноста помеѓу климатските промени и потенцијалните влијанија врз безбедноста.

May 27, 2020 13:01
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и амбасадорот Вук Жугиќ, координатор на ОБСЕ за економски активности и активности за заштита на животната средина ја отворија воведната конференција за проектот Зајакнување на одговорите на безбедносните ризици од климатските промени во Југо-источна Европа, Источна Европа, Јужен Кавказ и Централна Азија.

Конференцијата е посветена на зајакнување на процесот на регионална консултација за климатски промени и безбедност и е дел од проектот што има за цел да ги намали безбедносните закани поврзани со климатските промени во Југоисточна Европа, Источна Европа, Јужен Кавказ и Централна Азија, преку подигање на свеста, развој на капацитети и споделување на знаење во рамките на регионите, како и преку спроведување на мерки за адаптација кон климатските промени во најранливите географски области.

Во воведното обраќање министерот Нуредини ја истакна потребата за меѓународна соработка и инвестиции со цел да се избегнат можните сценарија предизвикани од климатските промени. Бидејќи се соочуваме со тројна криза: здравствена криза, можна економска криза и тековна климатска криза, Министерот ја истакна потребата за засилена внимателност, со оглед дека овој период треба да ни послужи како лекција.

„Ние мора да работиме заедно за да ги надминеме слабостите во нашето глобално општество. Прекините во ланецот на снабдување со храна предизвика аларми во многу делови на светот, и ова е она со што во иднина може да се соочиме многу често ако не преземеме акција за ризиците што ги предизвикуваат климатските промени. Нашата мисија е да предложиме мерки и политики кои ги намалуваат емисиите на јаглерод и ја зголемуваат одржливоста на нашата земја и регионот преку сеопфатен и транспарентен процес. Светот се менува на многу начини. Да научиме, да се прилагодиме, да ги направиме вистинските промени. Да создадеме безбедна иднина каква што ја сакаме. Заедно! “, заклучи министерот Нуредини.

Проектот се реализира како резултат на соработка на ОБСЕ со Европска Комисија и Австриската агенција за развој.

Инаку ОБСЕ покрај климатските промени како важно прашање кое се дискутира на глобално, регионално и на национално ниво, преку специфични проекти се осврнува и на поврзаноста помеѓу климатските промени и потенцијалните влијанија врз безбедноста.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Кошта од Тирана: Албанија би можела да биде во европското семејство дури и пред 2030 година

May 15, 2025
Белград (Фото: Rade Dr. / Pixabay)

Српски функционер призна дека фалсификувал документ за плац што го сака зетот на Трамп

May 15, 2025

Хаварија во Пинтија, од резервоар на приватен објект се излеале хемикалии

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

    ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Не можам да најдам разумно објаснување зошто ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери не го поддржаа законот за Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научници за прв пат претворија олово во злато

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk