Министерот за економија Крешник Бектеши на прес конференција информираше дека Владата на Северна Македонија на последната седница, по предлог на Министерството за економија, донесе одлука за еднострано раскинување на пет договори за концесии за неметалични минерални суровини во околината на Лабуништа, стои во соопштението од Владата.
Како што информираше министерот, овие концесии се одземени со цел да се заштити здравјето на локалното население, но и на животната средина во овие региони.
Имам голема чест и задоволство да објавам дека ова оваа одлука се реализира уште едно ветување кое го дадовме на граѓаните, посебно за жителите на село Лабуништа. За време на вонредната состојба настаната заради епидемијата предизвикана од Ковид-19, жителите на Лабуништа продолжија да ги доставуваат барањата за одземање на доделените концесии за експлоатација на неметалични минерални суровини во близината на селото, до Министерството за економија, укажувајќи и дека настанатата прашина при минирање, експлоатирање, сепарирање и транспорт на минералната суровина значително го нарушува здравјето на жителите на селото, кажа Бектеши.
А. Н. С.