ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Прилеп постави фотоволтаични системи за заштита на животната средина

Фотоволтаичните системи со моќност од 15 и 16 киловат часови ќе заштедат енергија и ќе апсорбираат преку 56.000 килограми јаглерод диоксид во воздухот.

May 27, 2020 15:11
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Прилеп постави фотоволтаични системи на Градскиот пазар и на Дневниот центар за лица со церебрална парализа за заштита на животната средина и за заштеда на електрична енергија.

Проекот во вредност од преку 3,3 милиони денари е преку Пелагонискиот плански регион, финансиран од Програмата за рамномерен регионален развој при Министерството за локална самоуправа.

Фотоволтаичните системи со моќност од 15 и 16 киловат часови ќе заштедат енергија и ќе апсорбираат преку 56.000 килограми јаглерод диоксид во воздухот.

Увид во работењето денеска направија министерот за локална самоуправа Горан Милевски, директорот на пелагонискиот плански регион Гого Видимче и прилепскиот грдоначалник Илија Јованоски.

Според Јованоски, Прилеп предничи со иницијативите за заштита на животната средина.

-Правиме увид за поставувањето на фотоволтаичните системи на Градскиот пазар и на Дневниот центар на лица со церебрална парализа. Преку пелагонискиот плански регион направивме два проекти. Јачината на секој систем е околу 16 киловати кои ги задоволуваат потребите на Градскиот пазар и на Дневниот центар. Со ова покажуваме дека како Приштина продолжуваме со мерките за условите и за подобрување на животната средина во градот. Инаку, минатата недела ги исплативме средствата за 612 семејства во Прилеп на име субвенции за набавка на инверетер-клими и велосипеди, нагласи Јованоски.

Kако што истакна Горан Милевски, министер за локална самоуправа, безрезервна е поддршката на ваквите проекти.

-Проектите се финансирани преку програмата на Министерството за локална самоуправа, преку Бирото за рамномерен регионален развој. Пелагонискиот плански регион аплицираше за средства за заштитата на животната средина. Така, во Прилеп се направени два фотоволтаични системи. Системите се 15 и 16 киловатни. Вредноста на проектот е 3,3 милиона денари, обезбедени преку Министерството со учество на прилепската локална самоуправа.

И понатаму ќе поддржуваме вакви проекти за заштита на животната средина, зашто со овој проект во Прилеп со 56.000 килограми СО2 ќе го заштитиме Пелагонискиот регион, зашто толку помалку ќе има загадување на воздухот. Инаку, во регионот, општина Битола преку платежната агенција, исто, во Пазарот, исталирашер фотоволтаичен систем. Сѐ зависи од општините и Планските региони какви проекти аплицираат, а ние ги поддржуваме, изјави Милевски.

Милевски нагласува дека започнат е процесот на либерализацијата на пазарот преку Законот за енергетика преку Комисијата за енергетика во Собранието.

-Овозможивме таа да се инсталира и во приватни капацитети. Се уште има нејаснотии околу вишокот на струја и продажбата, бидејќи треба да се најде некој да ја купува таа струја. Тоа во иднина треба да се разработи. Сега е дозволено само за производство и за сопствено користење. Инаку, заштедите од овие системи се од 5 до 7 години.

Засега инвестирањето во фотоволтаици за граѓаните не е евтино, чини околу 20.000 евра, ама за 5 до 7 години доаѓа исплатливоста. Но, како што се шири набавката на фотоволтаиците, така може да паѓа цената, па очекувам во наредниот период цената да биде пониска за да може што повеќе граѓани да искористат, вели Милевски.

Според Гого Видимче од Пелагонискиот плански регион се следат потребите на жителите на 9-те општини од регионот.

Овој проект го реализиравме преку програмата за Регионален развој на Министерството за локална самоуправа и преку Бирото за регионален развој. Нормално, се намалува емисијата на штетни гасови и има заштеди на електричната енергија.

Инаку, ова е еден од проектите за развој на пелагонискиот регионза 2019 година. Тогаш, за 9-те општини имавме одобрени проектово вредност од 40 милиона денари, а за годинава одобрените рпоекти се во вредност од 38 милиона денари преку програмата за Рамномерен регионален развор при Министерството за локална самоуправа, рече Видимче./МИА/ 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Дојава за бомба во салата „Јане Сандански”

May 15, 2025
Зеленски во Турција. Фото: Скриншот

Преговори Украина – Русија утре во Истанбул, Зеленски ја напушти Турција

May 15, 2025
Мицкоски доби мандат ако сака да ја запали државата, да ја запали

Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Величковски: Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за „план Б” и „креативни решенија”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Не можам да најдам разумно објаснување зошто ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери не го поддржаа законот за Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk