ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Угостителите во секој момент ги очекуваат протоколите, се надеваат на измени

Според Стопанската комора на Македонија, во партнерски процес со Владата добиен беше предлог врз основа на кој се дефинираа превентивните мерки. Бизнисот ги изнесе забелешките и сега чека да види што од нив е усвоено. Времето ќе покаже, децидни се од Комората, дали протоколите ќе се одразат врз работата на угостителите.

May 27, 2020 15:27
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Угостителите кои утре треба да ги отворат терасите, во секој момент очекуваат да ги добијат протоколите за работа од надлежните. Велат дека мерките доследно ќе ги почитуваат, но сепак се надеваат на измени согласно нивните барања.

– Денеска очекуваме секој момент официјално да ги добиеме протоколите. Имаме информации дека има измени според нашите барања. Извесно е дека нема да заработуваме, но можеме да направиме подобра позиција за да имаме помали загуби ако има поразумни мерки, вели потпретседателот на Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори, Мартин Ангеловски.

Според Стопанската комора на Македонија, во партнерски процес со Владата добиен беше предлог врз основа на кој се дефинираа превентивните мерки. Бизнисот ги изнесе забелешките и сега чека да види што од нив е усвоено. Времето ќе покаже, децидни се од Комората, дали протоколите ќе се одразат врз работата на угостителите.

-Ситуацијата не е сменета од минатата недела кога ја предочивме состојбата. Ќе видиме утре кој се ќе отвори. Едно е најава, друго е на терен. Во секој случај, времето ќе покаже дали протоколите ќе се одразат врз работата на угостителите. Свесни сме дека во сите земји во регионот и пошироко угостителството и туризмот беа најпогодени. Од друга страна, отворањето на угостителските објекти е специфично од аспект на групирање на луѓето што е една од главните препораки која не треба да се прави, нагласуваат од Стопанската комора.

Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска, на прес-конференција, одговорајќи на новинарски прашања, рече дека Владата веќе ги добила забелешките од коморите за протоколите.

Кусо информира и дека угостителските објекти ќе бидат отворени, односно ќе работат до 20 часот. За една маса на терасите ќе треба да обезбедат површина од десет метри квадратни, а на секоја маса ќе може да седат по максимум четири лица.

-Ние веќе донесовме одлука за отворање на угосителските објекти од утре, но таа важи само за оние што имаат тераси и согласно протоколите за простор, дезинфекција и однесување и на клиентите и на угостителите. Одлуката е само да работат објектите кои имаат тераси и да ја почитуваат дистанцата. Имавме подготвен протокол од страна на Комисијата за заразни болести кој требаше да се одвива во три фази.

За донесувањето на вчерашната одлука го почитувавме предлогот на Комисијата за втората фаза каде е предвидено отворање само на оние објекти кои имаат тераси согласно протоколите. Речиси 99 отсто од сите предлози на Комисијата дадени откако почна вонредната сотојба се прифатени од Владата, така одлучивме и овојпат, да го почитуваме предлогот на Комисијата. Ќе ја следиме ситуацијата, како се почитуваат протоколите и препораките усвоени на вчерашната седница, ако се почитуваат ќе ги отвораме и тие што се затворени, истакна министерот.

Поради коронавирусот, угостителските објекти не работеа и беа целосно затворени околу 2,5 месеци. Загубите, според проценките на секторот, се и ќе бидат огромни, а потребен ќе биде и подолг период за целосно закрепнување./МИА/

Next Post

Спасовски: Очекувам успех во издавањето на еврообврзницата

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk