Операција на нос и местење вилица е она што ја очекува скопјанката Моника Ристеска, која вчера на социјалните мрежи објави дека била жртва на семејно насилство. Активистката за легализација на марихуаната, а во јавноста позната како Моника Конопова, информираше дека нејзиниот татко ќе биде задржан 24 часа во полициска станица откако претходно ја нападнал со тупаници и дрвено столче, додека се упатувала кон кујната да земе храна.
https://twitter.com/MoniqueKonopova/status/1265395473101328384?s=20&fbclid=IwAR0ukb_ZjLbV1yKyVZnxoCgcjW5tINMUDwG3GSeKNiwceCzpgtA_pYPIqnw
Министерството за внатрешни работи во конкретниот случај постапило по пријава од страна на М.Р. (31) дека таа и нејзината мајка К.Р.(62) по претходна расправија биле физички нападнати од нејзиниот татко С.Р.(64) при што и биле нанесени телесни повреди.
Покрај коментарите за осуда на ваквиот грозоморен чин и поддршка на Моника Ристевска, попозната Конопова, на социјалните мрежи Твитер и Фејсбук осамнаа и објави полни со говор на омраза.
Минатата година активистката Моника Ристеска беше осудена на една година затвор, откако при претрес во нејзиниот дом беше пронајден канабис. Обвинителството ја гонеше за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.