ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Четири нови позитивни случаи во Штип, два од иста текстилна компанија

May 28, 2020 15:49
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Општина Штип оствари комуникација со Министерството за здравство, со неколку сопственици на текстилни фабрики, со здружението за заштита на работничките права „Гласен текстилец“, Клиничка Болница Штип и Центар за јавно здравје и нашите капацитети се насочени кон заштита на здравјето на граѓаните , соопшти градоначалникот Благој Бочварски.

„Според денешните податоци од Центар за јавно здравје на територија на Општина Штип има 4 нови позитивни случаеви од кои 2 се од истата текстилна компанија.

Општинскиот штаб за заштита и спасување со своите служби беше на терен и започна со дезинфекција на влезовите пред текстилните фабрики. Упативме апел до угостителите да побараат поддршка за дезинфекција на нивните надворешни тераси и влезови пред отворањето, и секако за поддршка во дел на дезинфекција на автобусите.

Нашите волонтери беа на терен пред конфекциите и делеа заштитни маски на текстилните работници. До денеска имаме поделено вкупно 23 000 заштитни маски на институции и граѓани.

Волонтерите досега имаат извршено услуги на вкупно 258 стари и изнемоштени лица и апелираме тие да продолжат да ги користат нашите услуги и да се заштитат самите себе.

Ја користиме оваа прилика повторно да упатиме јасна порака до сите граѓани, а посебно до оние кои шират информации дека вирусот не постои и дека е измислица или лага, а всушност се работи за вирус кој сеуште е присутен и ќе остане овде и понатаму, а борбата со истиот овој вирус за којшто сеуште нема лек или вацина треба да го водиме сите заедно со целосна вклученост на граѓаните, работниците, сопствениците и институциите.

Задоволни сме од дисциплината на нашите сограѓани и од тоа како се справуваме со Ковид 19, но мало опуштање коешто се чуствуваше во јавноста и непочитување на мерките придонесува да повторно се појават нови случаеви.

Ќе го победиме вирусот и после олабавување на мерките, но само со крајна внимателност, дисциплина и одговорност“, пишува на ФБ страницата на Општина Штип.

Next Post

Поделена помош за деца Роми вклучени во градинката „8ми Април“ во Шуто Оризари

НАЈНОВО

Грасли: Имаме причини да веруваме дека Додик не ги сменил намерите

November 6, 2025

Авганистан и Пакистан повторно преговараат во Истанбул

November 6, 2025

ДИК го отфрли приговорот за гласањето на пет избирачки места во Општина Брвеница, во тек е разгледување на приговорите за Општина Шуто Оризари

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk