Деветмесечно бебе било итно префрлено со авион од Скопје за Цирих, Швајцарија, каде се неговите родители, потврдила за ТВ Нова директорката на Клиниката за детски болести во Скопје.
Според информациите, бебето живеело со бабата, која исто така е позитивна на Ковид-19. Состојбата на бебето била дополнително влошена заради констатиран тумор на мозокот.
Бебето е инаку швајцарски државјанин, па д-р Софијанова за ТВ Нова рекла дека таму ќе биде оперирано.
Операцијата во Цирих ќе покаже дали делот од мозокот кој покажа промени е тумор и Ковид независно, или промена налик на тумор како последица на инфекцијата од Ковид-19. Со операцијата во Цирих ќе се утврди точно што е, објаснува д-р. Софијанова за ТВ Нова.
А. Н. Стојчевски