Јавното сообраќајно претпријатие Скопје сooпшти дека од утре, 29 мај (петок), повторно важи бесплатниот јавен превоз за возрасни лица.
Продолжува да важи бесплатното користење на јавниот превоз за жени со/над 62 години и мажи со/над 64 години, во вторник, петок, сабота и недела.
ЈСП апелира на рационално користење на превозот и на задолжително носење на заштитна опрема согласно уредбите за заштита од Ковид 19.