ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Извештај на ДЗР: „Пошта“ со минус 10 милиони евра, директорите се осигурале со полиси

Ревизорите во извештајот го објасниле и менаџерското осигурување и дале до Надзорниот одбор и до Собранието на друштвото да ја преиспитаат Одлуката за исплати по основ на менаџерско осигурување.

May 28, 2020 12:03
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

Акционерското друштво „Пошта“ заклучно со 31 декември во 2018 година бележи загуба во вкупен износ од 594.563.000 милиони денари или околу 10 милиони евра. Само во 2018 година, загубата изнесува 166.754.00 милиони денари, а останатиот износ од загубата е пренесен од претходни години, почнувајќи од 2012 година, се вели во Конечниот извештајот на Државниот Завод за ревизија (ДЗР) за финансиското работење на АД „Пошта на Северна Македонија“, пренесе Нова ТВ.

„Износот на искажаната загуба укажува на фактот дека финансиската состојба на друштво е значително влошена, па поради тоа произлегува дека и трошоците од склучување на менаџерско осигурување во такви услови не би биле целисходни. Но, и покрај тоа, Надзорниот одбор одобрил склучување на договори и полиси за осигурување за периодот 01.04.2018 до 01.04.2019 година. Од осигурителната компанија по овој основ е доставена фактура во изнор од 2.760.000 милиони денари која е платена оде сметката на АД „Пошта“ и евидентирана како трошок на истата“, се наведува во дел од извештајот на ДЗР.

Ревизорите во извештајот го објасниле и менаџерското осигурување и дале до Надзорниот одбор и до Собранието на друштвото да ја преиспитаат Одлуката за исплати по основ на менаџерско осигурување.

„Со полисите за осигурување, при настанување на осигурените случаи, се предвидени исплати на отштета на осигурените лица. Во услови да не настанат договорените случаи на осигурени настани, платениот износ на премија за осигурување во процент од 89,5 отсто се исплатува на сметка на осигурениците, наместо на сметка на „Пошта“ која извршила плаќање на премијата за осигурување“, стои во документот на ДЗР.

Финансиските извештаи на АД „Пошта на Северна Македонија“, се потенцира во извештајот на ДЗР, се одговорност на Фаадис Реџепи, генерален директор и претседател на Управниот одбор од 01.09.2014 година до 31.08.2018 година, и на неговиот наследник Ејуп Рустеми, кој и во моментот е на функцијата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Нови израелски напади на Иран, погодени воени цели во Техеран; Иран ги предупредува Израелците да се евакуираат од области до воени објекти

June 15, 2025

Трамп не му дозволил на Израел да го убие иранскиот ајатолах Али Хамнеи

June 15, 2025
„Марш за ангелите“ во Скопје. Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Не ги убивајте уште еднаш нашите деца, порачаа родителите на загинатите во Кочани

June 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градоначалникот на Кочани – Премиерот не ме прима на средба, од централната власт досега не добивме ништо; Граѓаните ќе го дадат својот суд на изборите, смета Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поради притисоци по поддршката на студентите, овој EXIT ќе биде последен во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најголеми непријатели на македонскиот јазик и на мислењето, на идентитетот, се мпц и вмро!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови израелски напади на Иран, погодени воени цели во Техеран; Иран ги предупредува Израелците да се евакуираат од области до воени објекти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk