ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Препораки на МОТ и ЕБОР за зачувување на работните места и заштита на бизнисите

May 28, 2020 12:05
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

За справување со ударот на пандемијата предизвикана од коронавирусот потребна е голема државна интервенција, преку проширување на заштитата на работниците и семејствата, различни опции за активни мерки за вработување, поддршка на претпријатијата со поголем пристап до финансии, административна поддршка и социјален дијалог меѓу засегнатите страни, препорачува заедничката работна група на Меѓународната организација на трудот (МОТ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), на барање на Економско-социјалниот совет, со цел зачувување на работните места и заштита на бизнисите.

Извештајот „Брза процена за влијанието од Ковид-19“, кој денеска се објавува и е презентиран на надлежните органи, синдикатите и работодавачите, содржи низа предлози за остварување на таа цел. Истиот е изработен со финансиска поддршка на Европската Унија, во рамки на проектот „Зајакнување на социјалниот дијалог“, имплементиран од Меѓународната организација на трудот.

Опциите за проширување на заштитата на работниците и семејствата вклучуваат воведување привремена проширена поддршка во случај на невработеност, со плаќање на паушален износ на месечно ниво во времетраење од најмногу шест месеци, воведување на проширена категорија на фирми кои би се квалификувале за мерките за задржување на работните места, проширување на периодот на програмата за задржување на работните места со вклучување на втората половина од март до крајот на јуни, дополнително проширување на критериумите за квалификување за гарантираниот минимален приход, како и воведување на паушален износ на субвенции за режиски трошоци/електрична енергија за домаќинствата со ниски приходи.

Опциите за активни мерки за вработување вклучуваат промовирање на шеми за делење на работното место, ротирање на работното место и шеми за стажанти, како и инвестирање во дигиталната економија. Начините за поддршка на претпријатијата вклучуваат поголем пристап до финансии, административна поддршка и социјален дијалог меѓу засегнатите страни.

-По развојот на заканата за јавното здравје во глобална пандемија со економски последици, Економско – социјалниот совет побара поддршка од работната група на МОТ и ЕБОР за развој на мерки и политики. Северна Македонија воведе одредени рестрикции за да се спречи ширењето на вирусот и досега успеа да го ограничи бројот на смртни случаи на 116 од 2.039 регистрирани случаи на заболени, се вели во Извештајот.

Истовремено, се додава во него, мерките тешко ја погодија економијата. Според пресметките на МОТ, само во второто тримесечје од 2020 година, загубени се работни часови кои соодвествуваат на 85.550 работни места со полно работно време. Според последните прогнози, ЕБОР во мај очекува пад на економијата во Северна Македонија во 2020 година за 3,5 проценти, пред заздравувањето од 5,5 проценти во 2021 година./миа/

 

Next Post

Попладнево пороен дожд и грмежи

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk