ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

(ВИДЕО) Бочварски: Ниту кризата со коронавирусот не ја запре градежната офанзива

Нашата земја ланската година и оваа 2020 година,  во услови на корона криза, заврши 80% од магистралната гасификација, проект кој се одолговлекуваше речиси 20 години.

May 28, 2020 12:23
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Инфраструктурата претставува крвоток на економијата и оттука, секоја инвестиција во неа е инвестиција во економијата, во државата, за сегашните и за идните генерации. Ниту кризата со коронавирусот не ја запре градежната офанзива низ секој дел од државата. Градиме за сите и во услови на пандемија, во вонредни околности, градиме инфраструктура во новата нормалност, вели Благој Бочварски, член на ИО на СДСМ.

„За помалку од три години рехабилитиравме повеќе од 750 километри патишта, а во идниот период продолжуваме со рехабилитација на 1500 километри патна инфраструктура и изградба на автопатишта, експресни и локални патни правци.

Источниот регион го доби првиот автопат Миладиновци – Штип, а во моментот се градат и експресните патишта, Штип-Радовиш, Штип-Кочани и Ранковце – Крива Паланка.

Истовремено, се рехабилитираа и постоечките патни правци: Штип-Радовиш, Крупиште-Пробиштип, Кочани-Македонска Каменица, Делчево- Граничен премин со Бугарија, Ранковце-Крива Паланка, Куманово-Свети Николе.

За првпат по неколку децении е изграден мост на реката Брегалница, а наскоро започнува изградба и на браната Отиња.

Иако и нашата држава и  нашата економија не е поштедена од глобалната криза предизвикана од коронавирусот, сепак тоа не ги попречи капиталните инвестиции. Токму, спротивно, капиталните проекти продолжија со изведба и тоа со забрзана динамика.

Нашата земја ланската година и оваа 2020 година,  во услови на корона криза, заврши 80% од магистралната гасификација, проект кој се одолговлекуваше речиси 20 години.

И во услови на корона криза интензивно се работи и на локалната инфраструктура во фаза во која е отпочната изградба на дополнителни 500 километри водоводи и канализации за што обезбедуваме 100 милиони евра за сите општини во земјата.

Токму, кризата со коронавирусот ни даде можност да видиме од колкаво значење е инфраструктурата и јавниот сервис и дека човечки судбини зависат од практичната примена на инфраструктурата.

Затоа, остануваме фокусирани на изградба на модерна, брза и ефикасна инфраструктура за побрз и поефикасен транспорт низ целата држава“, вели Бочварски во видеото.

 

Next Post

Во Прилеп денеска има четворица оздравени и нема ново заболени од Ковид-19

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk