Вицепремиерката задолжена за економски прашања и координација со економските ресори, Мила Царовска, генералната директорка на АД МЕПСО Ева Шуклева и градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов, беа во работна посета на трафостаницата во Валандово, каде што се во тек инвестициски активности за нејзина модернизација.
Вложувањето во енергетскиот сектор е наш приоритет. Инвестицијата од 770.000 евра во модернизација на трафостаницата Валандово значајно ќе го подобри снабдувањето со квалитетна електрична енергија и ќе ја зголеми довербата во управувувањето.
Оваа инвестиција ќе ги намали трошоците за одржување на среден рок и ќе ги сведе на минимум ризиците од дефекти и испади, напиша на Фејсбук вицепремиерката Мила Царовска по посетата на трафостаницата во Валандово.
А. Н. Стојчевски